Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Почина мајката на Витни Хјустон

Медиасет.мк
пред 2 години
Screenshot-2024-10-08-082154

Сиси Хјустон, добитничка на Греми и мајка на покојната Витни Хјустон, почина на 91-годишна возраст.

„Со тага објавувам дека денес почина мојата сакана кралица Сиси Хјустон! Молете се за семејството Хјустон“, напиша нејзината снаа Пет Хјустон на Инстаграм.

Сиси Хјустон е родена како Емили Дринкард на 30 септември 1933 година во Њуарк. Таа пораснала во музичко семејство и ја започнала својата кариера пеејќи во црковниот хор, а подоцна и како член на евангелската група Drinkard Singers, основана од нејзината постара сестра Ли.

Нејзиниот продорен глас и талент брзо го привлекоа вниманието и таа стана баран придружен вокал во музичкиот свет. Во текот на 1960-тите, таа се приклучи на групата Sweet Inspirations, придружна вокална група која соработуваше со легенди како Арета Френклин и Елвис Присли. Со текот на годините, Сиси Хјустон работеше со многу музички великани, вклучувајќи ја Дион Ворвик, нејзината внука, потоа Отис Рединг, Џими Хендрикс и многу други.

Како соло изведувач, Хјустон издаде неколку албуми и се истакна со хитовите како Think It Over и Warning - Danger. Таа ја освои наградата Греми за најдобар госпел настап во 1996 година, потврдувајќи го нејзиниот статус во музичката индустрија. Нејзината кариера остана во сенка на трагични приватни настани, особено поради прераната смрт на нејзината ќерка Витни Хјустон.

Сиси напиша мемоари, Remembering Whitney: My Story of Love, Loss, and the Night the Music Stopped, во кои ги сподели своите сеќавања за Витни, нивната семејна историја и нејзината перспектива за предизвиците низ кои поминале.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvkj72cof04062Uj89F1

Поскапува туристичката такса во Србија: Еве колку ќе се плаќа по ден

Патувања | пред 9 минути

media-librarya1aagb2bdbjs8EHwlpL

Apple сака сите да преминат на iOS 27: Еве што се менува во поставките на iPhone

пред 37 минути

media-librarymrgi6fq3rmrscou1FkV

Старински рецепт за џем од сливи: Додадете малку рум за побогат вкус

пред 58 минути

media-libraryqg1a9engomct2rP8mPz

Мафини од тиква со чоколадо: Едноставен есенски десерт што освојува со вкусот

Вирално | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања