Медиасет.мк logo
Промени тема
Филм

Почина холивудската актерска легенда Доналд Сатерленд

Медиасет.мк
пред 2 години
677z381_9306941

Холивудската актерска легенда Доналд Сатерленд после долго боледување денеска на 88 години почина во неговиот дом во Мајами.

Веста за смртта на „Твитер“ ја објави неговиот син, глумецот Кифер Сатерленд.

Лично мислам дека е еден од најважните актери во историјата на филмот. Тој никогаш не се плашеше од улога, добра, лоша или грда. Тој го сакаше тоа што го правеше и го правеше она што го сакаше, и никогаш не може да се бара повеќе од тоа. Имаше добар живот, напиша 57-годишниот Кифер.

https://twitter.com/RealKiefer/status/1803837822677225581?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1803837822677225581%7Ctwgr%5Ecbcedaca9e5748bcacae1dce2105b2579c7549ee%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fscena%2Ffilm%2Fpochina-holivudskata-legenda-donald-saterlend%2F

Доналд Сатерленд роден е во Канада на 17 јули 1935 година, а неговата кариера траеше повеќе од 50 години. Некои од најзабележителните улоги на Сатерленд вклучуваат нетипични воини од филмовите како што се „12-те жигосани“, „M*А*S*H“ и „Златo за смелите“. Неодамна, тој глумеше во американската телевизиска серија Dirty Sexy Money.

Сатерленд глумеше во многу филмови и серии, а еден од најголемите успеси го постигна со епскиот филм Новеченто на Бернардо Бертолучи, како и со драмата „Обични луѓе“ (1980), режисерско деби на Роберт Редфорд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8uj9slgoete2dm8r8k

Сталоне бил толку незадоволен од првата верзија на „Рамбо“ што сакал да го откупи филмот за да го уништи

Филм | пред 21 час

media-libraryhq7v3rn4vdep5WKrY1U

Филмот за Тед Качински за само четири дена стигна до првото место на „Netflix“, критичарите го критикуваат

Филм | пред 4 дена

media-libraryhh1kv00u177j5LDK6Nf

Филмот за војната во Газа предизвика протести во Њујорк, Нетанјаху со закани кон авторите

Филм | пред 6 дена

media-librarypjdqtotteib8366iR52

Брус Вилис одбил улога во еден од најдобрите воени филмови на сите времиња

Филм | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања