Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Патувања

Поскапува туристичката такса во Србија: Еве колку ќе се плаќа по ден

Медиасет.мк
пред 3 седмици
media-libraryvkj72cof04062Uj89F1
Unsplash

Од четврток, 15 октомври, во Србија стапуваат во сила нови износи на туристичката такса за престој, која ќе се движи од 90 до 240 српски динари дневно (околу 47 до 126 македонски денари), зависно од категоријата на туристичкото место.

Според објавеното во „Службен гласник“, за туристичките места од прва категорија највисокиот износ на таксата ќе биде 240 динари (околу 126 денари), а најнискиот 190 динари (околу 100 денари).

За туристичките места од втора категорија, таксата ќе се движи од 150 до 200 динари (околу 79 до 105 денари).

Во местата од трета категорија, најнискиот износ ќе биде 110 динари (околу 58 денари), а највисокиот 170 динари (околу 89 денари).

За туристичките места од четврта категорија, таксата ќе изнесува од 90 до 140 динари (околу 47 до 74 денари) дневно.

Во Белград, од 15 октомври, туристичката такса ќе се зголеми од досегашните 160 на 240 динари дневно (од околу 84 на 126 денари).

Одлуката за зголемување ја усвои Собранието на градот на почетокот на октомври.

Новите износи значат дополнителен трошок за туристите кои престојуваат во Србија, а точната сума ќе зависи од категоријата на туристичкото место.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3i9m15jkmvghe1r82br

Гостите прво ги забележуваат: Три работи што веднаш треба да ги тргнете од кујната

Трендови | пред 14 часа

media-librarykqs8fqhnobbc5JQYKCO

„40 дена без тебе, а болката е сè подлабока“: Потресна порака од сопругата на Маријан Стојаноски по загубата на синот

Сцена | пред 17 часа

media-librarym8sv9sevhemp71kIeJt

Рајанер се повлекува од повеќе дестинации: Се укинуваат летови од Србија, Хрватска, БиХ и Црна Гора

Патувања | пред 2 дена

8079309

Последната желба на Мишо Ковач ќе му биде исполнета: Ќе биде погребан покрај синот Еди

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања