Connect with us

#ФАЦИ

Последниот албум на Симон Трпчески номиниран за меѓународните награди за класична музика

Последниот албум на пијанистот Симон Трпчески e номиниран за меѓународните награди за класична музика ИЦМА, соопштија од Здружението за култура и уметност КултурОп. Албумот во мај годинава го објави престижната британска издавачка куќа „Лин рекордс“.

Неговиот албум со филхармонискиот оркестар „Јаначек“ и диригентот Кристијан Мачелару од Романија, со делата од Шостакович е меѓу трите проекти номинирани во категоријата разновидна програма на ИЦМА.

Трпчески за Македонско радио рече дека цедето е реализирано на негова иницијатива за време на пандемијата, а изборот на делата говори за креативноста и оригиналноста на Шостакович.

„Станува збор за еден производ од оваа пандемија што јас го иницирав за да бидам продуктивен кога веќе немав концерти. Заедно со ‘Лин рекордс’, филхармонискиот оркестар ‘Јаначек‘ од Острава, Кристијан Мачелару, кој е шеф-диригент на Националниот оркестар на Франција и со првиот трубач на овој оркестар, Андреј Кавалински од Белорусија, успеавме да организираме снимање на двата пијано концерта на Дмитри Шостакович, како и на Второто трио за виолина, виолончело и пијано со моите драги колеги од проектот ‘Македонисимо’, Александар Краповски и Александар Сомов. Овој избор е еден опис на различните творечки периоди од животот на Шостакович, кој сведочи за неговата креативност и оригиналност“, рече Трпчески.

Имињата на добитниците ќе бидат соопштени на 18 јануари, а признанијата на лауреатите ќе им бидат врачени во Луксембуршката филхармонија на 21 април.

Извор: Репортер.мк

#ФАЦИ

Ареа ќе одржи акустичен концерт во Битола на 7. октомври

 

Ареа ќе одржи акустичен концерт во Битола, на 7. октомври. „Предходната година го издадовме новиот албум „Љубов е“ и до сега имавме повеќе, концертни настапи во повеќето места во Македонија меѓу кои и во Битола. Овој пат решивме тоа да биде акустичен концерт, каде во една поинаква и поинтимна атмосфера публиката ќе може да ужива во нашите песни.

Концертот под наслов „Area Unplugged“ ќе се случи за прв пат на сцената во Центарот за култура во Битола, со почеток во 20 часот,“ информираат од Ареа.

Continue Reading

#ФАЦИ

Песни од Тоше, Гоце Арнаудов, Влатко, Есма, Драган Вучиќ на канцерот „Легендите живеат вечно“

 

Под мотото „Легендите живеат вечно“, на 28-ми октомври во „Македонска филхармонија“ ќе се одржи концерт во чест на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе. Ја испишаа музичката историја, а можеа уште толку многу.

 

Ќе се пеат песните на  Тоше Проески,  Влатко Илиевски,  Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ како и многу други. Картите за овој настан се веќе пуштени во продажба и истите ќе имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

 

 

 

Continue Reading

#ФАЦИ

Архитектот Лука, нова љубов на Тамара

 

Поп-пејачката Тамара Тодевска има нова љубов. Таа веќе неколку пати сподели фотографии,  а станува збор за Лука Радовиќ, архитект и дизајнер од Скопје. Дека има нова љубов веќе наголемо се  зборува и низ чаршијата.

 

Тамара неодамна се разведе од својот сопруг Александра, со кого беше 7 години во брак. Тие имаат две деца, Дарен и Хана. И покрај разделбата со Мачка не е тајна дека тие се во коректни односи, заради децата, а заедно ги прославуваат и родендените на децата, и неодамна објавија заеднички фотографии.

 

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020-2023

error: