Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Потврдена причината за смртта на Кетрин О’Хара: белодробна емболија и рак на ректумот

Медиасет.мк
пред 5 месеци
media-libraryl9rdb63f4q9g67ThHlZ

Објавени се повеќе детали за смртта на актерката Кетрин О’Хара. Речиси две недели по веста дека ѕвездата на серијата Schitt’s Creek починала на 71-годишна возраст, како непосредна причина за смртта е наведена белодробна емболија, додека рак на ректумот бил посочен како основна причина, објави TMZ повикувајќи се на канцеларијата на судска медицина на округот Лос Анџелес.

Актерката, позната по улогите во филмовите Сам дома и Бубимир, не се појави на доделувањето на Златни глобуси 2026, каде што била номинирана за споредна улога во филмот „The Studio“. Нејзиното последно јавно појавување, според текстот, било на доделувањето на Еми награди во септември 2025 година, кога имала двојна номинација за сериите „The Studio“ и The Last of Us.

Став за здравјето и стареењето

Пред наводната смрт, Кетрин, која со сопругот Бо Велч има два сина – Метју (32) и Лук (28) – открила дека има ретка, но најчесто не животозагрозувачка состојба наречена situs inversus со декстрокардија, при што срцето и другите внатрешни органи се наоѓаат на спротивната страна од телото.

„Јас сум чудна, да!“, се пошегувала таа во интервју од 2021 година, објаснувајќи дека за состојбата дознала подоцна во животот бидејќи ретко одела на лекар. „Ја ценам западната медицина, само не сакам да бидам дел од неа.“

Во подкастот „Wiser Than Me“ на Џулија Луис-Дрејфус во 2024 година, таа изјавила дека омилениот дел од нејзините седумдесетти е „што сум жива“.

Во интервју за Elle Canada во септември 2024 година, О’Хара рекла дека е благодарна што сè уште може да живее исполнето.

„Размислувам за годините, но ретко се гледам во огледало. Ми се чини дека приказните за луѓе на мои години денес се вртат околу смрт, разводи и болести. Затоа сум навистина среќна што имам луѓе околу мене кои ги почитуваат постарите и ми нудат нови искуства“, рекла таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytit8sdv734fvavFW5yj

Бивша вработена на крузер открива: „Љубовта меѓу колеги на брод има и мрачна страна“

Патувања | пред 13 часа

media-libraryju0r0rf7rs485IcOeGp

(Видео) Возете се каде било во светот со користење вистински мапи и тоа директно од прелистувач

Технологија | пред 16 часа

media-libraryimh3bsg6ok3j9t4HSKB

(Видео) Ѓоковиќ се фати за микрофонот: Заедно со Владо Георгиев и Нигор ја пееше „Тропски бар“

Сцена | пред 18 часа

media-library7ed8kr3fjul65xn852f

Оваа плажа некогаш била депонија: Денес наместо песок има милиони шарени парчиња стакло

Патувања | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања