Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Претставата „Поделби“ на сцената во МНТ

Медиасет.мк
пред 5 години
PBL_2010

На големата сцена во Македонскиот народен театар, на 14 октомври, со почеток во 20 часот, ќе се одигра претставата „Поделби“ од авторот Добрица Ќосиќ, по драматизација на Спасоје Ж. Миловановиќ, а во режија на Југ Радивојевиќ.

Гостувањето е копродукциски проект меѓу Српското народно позориште – Нови Сад, Народното позориште – Ниш и Народното позориште – Приштина, со седиште во Грачаница.

Станува збор за едно од најзначајните дела на српската литература по Втората светска војна, „Поделби“, која премиерно беше одиграна на 11 март 2021 година во Народното позориште – Ниш.

Според драматургот Кнежевиќ, за да се постави текстот „Поделби“, било неопходно да се направи драстична селекција на многубројните поединечни поделби со кои романот изобилува. Од кога основната линија е извлечена и кога личната и семејната трагедија на Урош Бабовиќ е ставена во прв план, поделбите станаа театарски поделби.

Кога по претставата ќе слегнат впечатоците за естетиката (и пораката) од она што сме го виделе на сцената, дури и кога мислењата би ни се разликувале, верува дека сите (или речиси сите) ќе се сложат во едно: без оглед на театарската форма, овие и ваквите поделби, со својата суштина, најмногу личат на античка драма.

Во претставата играат: Небојша Савиќ (Урош Бабовиќ, селски газда), Соња Дамјановиќ (Вида, негова жена), Mилош Цветковиќ (Милош, нивниот син), Вуашин Ранѓеловиќ (Вита, нивниот слуга), Милан Ковачевиќ (Адам Катиќ, селскиот газда), Григорије Јакишиќ (Душан Катиќ, студент, неговиот син), Игор Дамњановиќ (Љубиша Дачиќ, нивниот слуга), Страхиња Бојовиќ (доктор, граѓански политичар), Дејан Цицмиловиќ (Коста Цветиќ, мајор), Валентин Венцел (германски офицер) и Бојана Милановиќ (невестата).

Билетите се пуштени во продажба преку веб-страницата www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1i0ikdpkc4hlfD2mZnU

Наводна расправија во Холивуд: Кендал Џенер и Хејли Бибер не ја поднесуваат Сидни Свини

Сцена | пред 1 час

media-library2s6kjmcmrrfa5Mf8Rxt

(Видео) Арина Сабаленка објави видео во црн костим за капење и привлече големо внимание

Сцена | пред 4 часа

media-library4brjs2fjlur0fQ9Eki2

Шакира се расплака на сцената во Мадрид: „Поминав низ тешки моменти“

Сцена | пред 23 часа

media-libraryvkj72cof04062Uj89F1

Поскапува туристичката такса во Србија: Еве колку ќе се плаќа по ден

Патувања | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања