Медиасет.мк logo
Промени тема
Вирално

Принцот Хари подготвува документарец за принцезата Дајана, нејзиниот брат одбива да учествува

Медиасет.мк
пред 2 седмици
76786458_2586377638108168_974102784261030790_n

Принцот Хари е во преговори за снимање документарен филм посветен на неговата мајка, принцезата Дајана, по повод 30-годишнината од нејзината смрт, која ќе се одбележи на 31 август 2027 година.

Според британскиот „Телеграф“, Хари сака преку проектот да ѝ оддаде почит на својата мајка, а веќе стапил во контакт со неколку нејзини блиски пријатели и роднини. Се очекува проектот да биде понуден на „Нетфликс“.

Меѓу луѓето од кои Хари побарал учество бил и нејзиниот брат, Чарлс Спенсер, но тој наводно одбил да биде дел од телевизиски проекти посветени на неговата сестра.

Спенсер во своите нови мемоари „Swan Song: Diana, My Sister“ пишува дека не сака да учествува во проекти во кои би бил само соговорник во приказна со однапред утврдена насока. Тој наведува дека животот на Дајана со текот на годините бил проследен со бројни митови и невистини и дека нејзината приказна треба да биде раскажана искрено, дури и кога тоа е непријатно за другите.

Во книгата Спенсер пишува и за разговорот со кралот Чарлс Трети по смртта на Дајана. Според неговото тврдење, тогашниот принц од Велс му рекол дека наскоро ќе ја заборават. Бакингемската палата ги отфрлила овие тврдења, оценувајќи дека тагата за сестрата може да влијае врз сеќавањата.

Во меѓувреме, Хари повторно престојува во Лондон. Тој неодамна присуствуваше на годишните хуманитарни награди „WellChild“, каде што зборуваше и за своите деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, како и за нивното постепено прифаќање на некои британски традиции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysh2v5m62s5q0fzY0WdQ

Колку јајца смеете да јадете ако внимавате на холестеролот?

Вирално | пред 13 часа

media-librarydvl9ebvs2kg97MUVF81

Четири хороскопски знаци треба да внимаваат на парите во периодот на ретроградната Венера

Вирално | пред 14 часа

media-library45u3bt8uur3f0QRFtzg

Студените утра носат проблеми за возачите, еве што не треба да правите

Вирално | пред 16 часа

media-library8od0sru5oktoc53nMMh

Биолошката возраст на срцето се менува по трансплантација, покажува ново истражување

Вирално | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања