Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Принцот Хари повторно во Британија: „Убаво е повторно да се биде на британско тло“

Медиасет.мк
пред 1 месец
se-za-ljubovta-na-princot-hari-i-megan-markl-293839

Принцот Хари повторно се појави во јавноста во Лондон, каде што присуствуваше на првите „Invictus Spirit Awards“, настан организиран во рамките на движењето „Инвиктус“.

Хари пристигна сам на свеченоста во „Old Royal Naval College“ во Гринич, облечен во свечен костум и со своите воени медали. На настанот се сретна со припадници на заедницата на „Инвиктус“, ветерани и гости.

Запрашан како се чувствува по враќањето во Британија, Хари кратко одговорил: „Добро. Убаво е повторно да се биде на британско тло“.

Меган Маркл не присуствуваше на свеченоста. Според информациите објавени во медиумите, таа во овој период е посветена на приспособувањето на нивните две деца кон животот и училиштето во Британија. Децата неодамна го смениле училиштето по само два дена, откако нивниот безбедносен тим проценил дека патувањето и сообраќајот создаваат дополнителни ризици за нивната заштита.

„Invictus Spirit Awards“ ги организира фондацијата „Инвиктус гејмс“, која Хари ја основаше во 2014 година. Првото издание на наградите беше посветено на луѓето кои придонесуваат за движењето, како и на поранешни и активни припадници на воените служби кои се соочиле со повреди или заболувања.

Свеченоста имаше и хуманитарен карактер. На настанот биле собрани 1.667.985 фунти, кои ќе бидат наменети за програмите на фондацијата за опоравување на ранети, повредени и болни припадници на воените служби и ветерани.

Хари истиот ден присуствувал и на настан организиран од „Save the Children“ и „Imperial College London“. Неговите јавни активности во Британија ќе продолжат и во следниот период, а подоцна овој месец се очекува да присуствува и на доделувањето на наградите „WellChild“, чиј покровител е од 2007 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 16 часа

media-librarygofq8qpt2gaf6SfldLy

Серена Вилијамс блесна во леопардов фустан на гала-вечер во Лос Анџелес

Сцена | пред 17 часа

media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Сцена | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања