Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Прва читачка проба на претставата „Народен пратеник“

Медиасет.мк
пред 1 година
naroden-pratenik-citacka-proba-1

Првата читачка проба на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во адаптација и режија на Егон Савин започна денес, а асистент на режија е Шенај Мандак.

Во претставата играат: Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов и Тања Кочовска. Како сценограф се потпишува Весна Поповиќ, костимограф е Роза Трајческа - Ристовска, а преводот е на Загорка Поп-Антоска Андовска.

Овој „Народен пратеник“ е трета постановка на познатата драма на Бранислав Нушиќ. Првата постановка премиерно е изведена на 8 мај 1945 година, во режија на Тодор Николовски, и таа е втората поставена драма на сцената на МНТ. Поставена е уште еднаш - 24 април 1993 година, во режија на Димитрие Османли. Таа е една од најпосетените и најдолговечни претстави: се игра до 2008 година, со вкупно 188 изведби.

Режисерот Савин и авторот Нушиќ се неминовен и неизоставен дел од МНТ. Егон Савин се враќа во МНТ по подолг период – ова е негова трета претстава во театарот, претходно ги има поставено „Злосторство и казна“ (1994) и „Лаж и паралаж“ (1996). Бранислав Нушиќ, пак, е еден од најпоставуваните автори на сцената на МНТ. Во 80 години постоење, од 1945 година до денес, поставени се осум негови дела со вкупно шеснаесет постановки од повеќе режисери и во различни верзии.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybhrclah4g5170hboxXp

Тејлор Свифт со провокативен стих во новата песна „Cleveland!“: Фановите веднаш реагираа

Сцена | пред 5 часа

media-librarytt0p3ov8lifsd8LrfjM

Маклмор тргнува на „Free Palestine Tour“ по отстранувањето од турнејата на Ед Ширан

Сцена | пред 6 часа

fenjgrehrtjhdztj-158218

Перо Антиќ: На 16 години добив шлаканица во полициска станица во Скопје

Вирално | пред 7 часа

media-librarykr84hchrnn2mduSCdco

Оземпик и слични лекови може да го зголемат ризикот при општа анестезија

Вирално | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања