Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Првите хуманоидни роботи произведени во Србија: Планирано е производство од 3.000 роботи годишно

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-libraryc2p0qnnvf5bd2I5FxAq
Photo by julien Tromeur on Unsplash

Во Србија започна производството на првите хуманоидни роботи, со учество на кинески експерти и локални работници и инженери. Роботите се произведуваат како машини со општа намена, а потоа, со помош на вештачка интелигенција и соодветни програми, се приспособуваат за различни задачи.

Супервизорот на производството, Дејан Бабиќ, претходно поминал обука во кинескиот град Џјасинг, каде што 30 дена се запознавал со технологијата и процесот на производство.

Највисокиот модел е висок 173 сантиметри и тежи 55 килограми, додека помалиот е висок 130 сантиметри и тежи 35 килограми. Покрај хуманоидните роботи, компанијата произведува и роботски кучиња.

Во почетната фаза роботите ќе се користат во индустријата, а плановите се подоцна технологијата да биде приспособена и за употреба во домаќинствата. Производниот капацитет е планиран на околу 3.000 роботи годишно, главно наменети за европскиот пазар.

Компанијата планира и изградба на Индустриски парк за роботика во Инѓија, инвестиција вредна околу 200 милиони евра, со која се очекува отворање на повеќе од 200 работни места со понатамошното проширување.

Компанијата досега традиционално работела во производството на автомобилски компоненти, но сега се насочува и кон напредно интелигентно производство, кое опфаќа сензори, батерии, мотори, чипови, софтвер и вештачка интелигенција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library51fk1ndk9h27ejUlXuD

Рекорден пад на акциите на „Гугл“: Избришани 500 милијарди долари за еден ден

Технологија | пред 41 минута

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 13 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 17 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања