Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK
Патувања

Рајанер ги менува правилата за багаж: Еве колку време пред летот ќе мора да пристигнете

Медиасет.мк
пред 43 минути
man-chases-plane-at-dublin-airport-after-missing-flight-136429820876502601-180927100034

Авиокомпанијата Рајанер ги потсети патниците дека од вторник, 10 ноември, предавањето на багажот на сите аеродроми на кои лета ќе се затвора 60 минути пред планираното полетување, наместо досегашните 40 минути.

Промената компанијата ја најави уште во април, а денес повторно ги потсети патниците на неа преку соопштение. Оние што предаваат багаж на аеродромот ќе мора да го направат тоа најдоцна еден час пред полетувањето.

Од Рајанер наведуваат дека дополнителните 20 минути ќе им овозможат на патниците што предаваат багаж, а кои сочинуваат околу 20 отсто од вкупниот број патници, да имаат повеќе време да ги поминат безбедносната и пасошката контрола и да стигнат до излезот пред почетокот на качувањето во авионот, особено во периоди кога има поголеми гужви на аеродромите.

Како што наведуваат, промената треба да го намали и бројот на патници кои ги пропуштаат летовите поради чекање на безбедносната или пасошката контрола.

Останатите 80 отсто од патниците, кои не предаваат багаж, нема да бидат засегнати од промената. Тие и понатаму ќе се чекираат онлајн пред да пристигнат на аеродромот и потоа директно ќе одат на безбедносната контрола, па кон излезот за качување во авионот.

„Ги потсетуваме патниците кои ја користат услугата за предавање багаж на аеродромот да пристигнат навреме и да се чекираат и да го предадат багажот пред затворањето на шалтерите, односно 60 минути пред полетувањето“, порача директорот за маркетинг на Рајанер, Дара Брејди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfakfc0qke79p9Qgxdkz

Брзиот воз од Белград до Будимпешта и Виена тргнува на 13 декември: Познати и првичните цени на билетите

Патувања | пред 1 час

media-librarym6elskuttj600yjysS2

Сарагоса е избрана за европска зелена престолнина за 2028 година

Патувања | пред 1 ден

media-librarytit8sdv734fvavFW5yj

Планирале одмор на Бахамите, а завршија во Канада: Крузерот ја промени дестинацијата поради невреме

Патувања | пред 2 дена

media-libraryuv7sqv4fc2877IsED6y

Големи промени во Прага: нови станови, паркови и деловни центри

Патувања | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања