Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Речиси 40% од Италијанците чувствуваат потреба за пауза од социјалните мрежи

Медиасет.мк
пред 5 месеци
media-librarybien4gd5p8fm9lOJB55
unsplash

Речиси четири од десет Италијанци (38,1%) почувствувале потреба да направат „детоксикација“ и пауза од користењето на социјалните мрежи така што ќе ги користат помалку, ќе избришат профил или апликација.

Во исто време, според извештајот изработен во соработка со групата Интеза Санпаоло, Медијасет, РАИ и ТВ2000, само 15,3 отсто од испитаниците изјавиле дека редовно прават паузи од социјалните мрежи, пренесува италијанската агенција Анса.

Од оние кои почувствувале потреба да се исклучат од социјалните мрежи, повеќе од една четвртина (25,6 отсто) рекле дека тоа го направиле затоа што им одвлекувале премногу внимание од секојдневните активности.

Понатаму, 20,6 отсто од испитаниците пријавиле потреба да одвојат време за себе и активности надвор од мрежите, додека 17,8 отсто признале дека имаат чувство на зависност од нивното користење.

Младите на возраст од 14 до 29 години продолжуваат почесто да ги користат социјалните мрежи, и покрај благ пад, а меѓу нив 74,8 отсто изјавиле дека користат Инстаграм, што е за 3,3 отсто помалку во однос на 2024 година.

Платформата Јутјуб ја користат 76,9 отсто од Италијанците, во споредба со 77,6 отсто претходната година, додека ТикТок бележи благ пораст со 64,5 отсто корисници оваа година, наспроти 64,2 отсто минатата година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library51fk1ndk9h27ejUlXuD

Рекорден пад на акциите на „Гугл“: Избришани 500 милијарди долари за еден ден

Технологија | пред 42 минути

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 13 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 17 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања