Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Редитори слават по откажувањето на концертот на Карлеуша во Хрватска: „Успеавме“

Медиасет.мк
пред 2 месеци
jelena-karleusa-13-830x0-1

Откажувањето на концертот на Јелена Карлеуша во Водице предизвика нови реакции во јавноста, а дел од корисниците на „Редит“ го прославија потегот и тврдат дека нивната онлајн кампања придонела за откажувањето.

Клубот „Хациенда“ објави дека концертот, кој требаше да се одржи на 15 август, нема да се одржи поради реакциите кои, како што наведоа, „далеку ги надминаа рамките на музички настан на приватен клуб“.

„Ниту еден изведувач и ниту еден настан не се поважни од безбедноста на нашите гости и вработени“, порачаа од клубот.

Веста беше дочекана со славење на подредитот „Кокошињак“, каде што во изминатите денови интензивно се дискутираше за настапот на Карлеуша. Дел од корисниците тврдат дека токму членовите на оваа заедница први започнале со повици за бојкот и пријавување на концертот.

Во дискусијата се појавија и тврдења дека биле организирани пријави до институции, медиуми и здруженија. Сепак, од „Хациенда“ не го наведоа „Редит“ или каква било кампања како причина за откажувањето, туку официјално се повикаа на реакциите во јавноста и безбедноста на гостите и вработените.

Најавата за концертот предизвика реакции и поради датумот – 15 август, кога во Хрватска се одбележува Голема Богородица – но и поради претходните политички изјави на Карлеуша за Хрватска.

Во случајот се огласи и градоначалникот на Водице, Анте Цукров, додека Карлеуша порача дека не е непријател на хрватскиот народ и дека во Хрватска не доаѓа за да провоцира или да биде симбол на политички конфликт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 12 часа

media-librarygofq8qpt2gaf6SfldLy

Серена Вилијамс блесна во леопардов фустан на гала-вечер во Лос Анџелес

Сцена | пред 13 часа

media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Сцена | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања