Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Реткиот розов дијамант „Гран Конде“ повторно изложен по речиси 100 години

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-librarye60fp19p6duj7sSVTvd

Реткиот розов дијамант „Гран Конде“, украден пред речиси 100 години, повторно ќе биде изложен во Франција, во музејот Конде во замокот Шантији, каде што посетителите ќе можат да го видат до 3 јануари.

Дијамантот од девет карати, со облик на круша, бил украден во октомври 1926 година, кога крадци провалиле во замокот и го сокриле во издлабено јаболко. Неколку недели подоцна, каменот бил пронајден откако гладна собарка во хотелот каде што престојувале крадците го загризала јаболкото.

Директорот на музејот, Матје Делдик, изјавил дека приказната звучи неверојатно, но дека за неа тогаш опширно пишувале весниците. Новата изложба ќе вклучува научни анализи и досега невидени архивски документи за историјата на дијамантот и неговата кражба.

Природните розови дијаманти се исклучително ретки и на аукции достигнуваат цени од десетици милиони долари. Според аукциската куќа „Сотби“, рекордната цена за ваков дијамант изнесувала 71,2 милиони долари во 2017 година.

Точното потекло на „Гран Конде“ сè уште не е познато. Според податоците на замокот Шантији, дијамантот првпат бил споменат во 1740 година, во пописот на имотот на Луј Анри де Бурбон, принцот од Конде.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhd13dsrfd9vka8jJa51

„GTA VI“ испиша историја: Првите рецензии ѝ донесоа неверојатна оценка 99

Вирално | пред 8 часа

media-libraryvj2ob995hdse8vGebbM

Алиша Кис и Џон Леџенд би можеле да му се придружат на Џеј Зи на Супербоул 2027

Вирално | пред 9 часа

media-libraryc24dlnotpi5r5lTqxuP

Кембриџ го прогласи зборот „човечки“ за збор на 2026 година

Вирално | пред 11 час

media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Огромен интерес за електричниот Volkswagen ID. Polo: Речиси 60.000 резервации, чекањето достигнува 21 месец

Вирално | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања