Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Ријана презеде мерки по пукањето кон нејзината вила

Медиасет.мк
пред 7 месеци
rijana-getty

Пејачката Ријана ги засили безбедносните мерки на својата куќа и за своето семејство во Беверли Хилс, откако во неделата непозната напаѓачка, Ивана Ортиз, испукала повеќе куршуми кон нејзината резиденција.

Според извори, пејачката „не разбира зошто нејзиното семејство било цел“.

Инцидентот се случил во неделата, на 8 март, околу 13:20 часот по локално време, кога жена, идентификувана како Ивана Ортиз, користела пушка АР-15 и испукала околу десет куршуми од возило од марката Тесла од другата страна на улицата.

Еден куршум го пробил ѕидот на куќата. Ријана во моментот на инцидентот била во куќата со своите три сина.

По нападот, пејачката наводно ги засилила безбедносните мерки за заштита на куќата, а фотографиите покажуваат како безбедносниот тим на семејството носи куфери и колевка од куќата. Поради инцидентот, Ријана го одложила претстојното фотографирање, додека извор наведува дека ситуацијата била „застрашувачка“, и покрај добро организираниот безбедносен тим.

Ивана Ортиз е приведена поради обид за убиство, а кауцијата ѝ е одредена на 10,2 милиони долари. Истрагата е во тек, а мотивот за нападот сè уште не е познат. Полицијата претходно соопшти дека Ортиз има криминално досие, вклучително и претходни пријави за семејно насилство.

95309400_106463354289744_1382871053325365799_n

Ријана го напушти Лос Анџелес по пукање во близина на нејзината вила

Поп-ѕвездата и претприемачка Ријана го напушти Лос Анџелес со приватен авион откако жена беше обвинета за обид за убиство по пукањето кон нејзиниот дом во Беверли Хилс.Според снимките објавени од агенцијата Ројтерс, Ријана со својата придружба со автомобил се упатила кон приватниот дел на аеродромот Ван Најс, кратко време по инцидентот пред нејзината резиденција.На видеото се гледаат луѓе и полициски возила пред куќата на пејачката, додека полицијата ја обезбедувала улицата. Во меѓувреме од куќа

Сцена | пред 7 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg1042m80hacn0WE6K9P

(Видео) Јован Јованов и Тони Зен го објавија спотот за „Уште ми требаш“, продолжение на легендарниот хит

Сцена | пред 10 часа

media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg

Оваа европска земја ќе ги пресметува казните за секој километар пречекорување на брзината

Патувања | пред 11 час

media-library29o41mu1od4dfX3DFFX

(Видео) Октај Сејди падна на шест прашања на „Полиграф“: Од разделбата со Нина до интимниот живот

Сцена | пред 11 час

media-librarymejjptsftt93bPHwttD

(Видео) Песни за љубовта, болката и себеприфаќањето: Емели Санде за првпат во Македонија

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања