Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Патувања

Рим воведе „црвена зона“ околу Колосеумот поради зголемениот криминал

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-library577hhli61p5p2vQMqQP
фото: unsplash

Подрачјето околу Колосеумот е прогласено за „црвена зона“ поради безбедноста на граѓаните и туристите, како и поради зголемувањето на уличниот криминал во центарот на Рим.

По неколку насилни инциденти и вонредни полициски контроли во последните недели, подрачјето околу Колосеумот, Римскиот форум и ридот Келио официјално стана „црвена зона“ во италијанската престолнина, пренесува Анса.

Одлуката стапи во сила на 24 август и ќе важи четири месеци, а нејзината цел е зајакнување на безбедноста во одредени области кои се карактеризираат со деградација и криминал.

Во одлуката, римскиот префект Ламберто Џанини укажува на постоењето подрачја погодени од предаторски криминал и трговија со дрога.

„Овие дела првенствено ги вршат групи млади лица со потекло надвор од ЕУ“, се наведува во одлуката.

Како фактор кој придонесува за ваквите инциденти се наведува и отворањето на метро-станицата „Рома Колосео“ на линијата Ц, која го поврзува историскиот центар со источниот дел на Рим.

Како врв на инцидентите е издвоен настанот од 1 јули годинава, кога за време на нелегална забава на плоштадот кај Колосеумот, група од околу 50 лица кои не се државјани на ЕУ им пружила отпор на локалните полицајци и ги опколила.

Во инцидентот полесно биле повредени двајца карабинери.

Истовремено, „црвената зона“ околу станицата Термини е проширена.

Мерките се воведени со цел да се зголеми полициското присуство и да се спречат нови инциденти во едни од најпосетуваните туристички подрачја во италијанската престолнина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

man-chases-plane-at-dublin-airport-after-missing-flight-136429820876502601-180927100034

Рајанер ги менува правилата за багаж: Еве колку време пред летот ќе мора да пристигнете

Патувања | пред 2 дена

media-libraryfakfc0qke79p9Qgxdkz

Брзиот воз од Белград до Будимпешта и Виена тргнува на 13 декември: Познати и првичните цени на билетите

Патувања | пред 2 дена

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања