Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Роби Вилијамс откри дека му опаѓа косата: „Сега сè е пудра и разни трикови“

Медиасет.мк
пред 2 месеци
robi-viljams

Роби Вилијамс (52) во интервју зборуваше за несигурностите поврзани со опаѓањето на косата и притисокот што го чувствува поради својот изглед. Гостувајќи во подкастот на Стив Бракнал, музичарот призна дека размислува да носи перика, бидејќи косата што моментално ја има се обидува да ја одржи со помош на специјална пудра за волумен.

Во разговорот Вилијамс објасни како се справува со проретчената коса.

„Ми опаѓа косата, сега сè е пудра и разни трикови. Ја гледаш ли пудрата?“, се пошегувал со водителот.

Пудрата за коса се користи за додавање волумен и текстура, а многумина ја користат за да ги прикријат проретчените делови. Бракнал му одговорил дека не му се гледа темето и дека производот очигледно функционира, а потоа го прашал што всушност го загрижува.

„Јас сум поп-ѕвезда, тоа ми е работа. Од мене се очекува некако да изгледам добро и да имам коса“, рекол Вилијамс.

Пејачот додал дека го загрижува тоа што косата сè повеќе му се проретчува и покрај триковите што ги користи.

„Размислувам да набавам еден од оние додатоци за коса“, открил тој.

Станува збор за додатоци кои ги прекриваат деловите погодени од опаѓање на косата.

Освен за својот изглед, Вилијамс неодамна зборуваше и за своето ментално здравје. На почетокот на месецот откри дека му е дијагностициран аутизам од поблага форма и дека и понатаму се бори со наметливи мисли.

Пејачот од претходно има дијагноза АДХД, а сега потврди дека добил и дијагноза од спектарот на аутизам.

На претставувањето на колекцијата на својот моден бренд „Hopeium“, Вилијамс рече дека новото сознание за себе го доживува како „карта за излез од затвор“. Тој објасни дека дијагнозата му помага подобро да разбере одредени работи во сопственото однесување.

„Имам АДХД, а штотуку дознав дека имам и малку аутизам, што всушност ми е ... супер бидејќи објаснува толку многу работи. Тоа сега ми е карта за излез од затвор. За сите чудни работи што ги правам, само велам: ‘Извинете, аутистичен сум’“, рекол тој низ шега.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3r1vf8sa7mmid0r6w9c

Три хороскопски знаци влегуваат во период на финансиско олеснување: долговите и грижите остануваат зад нив

Вирално | пред 8 часа

media-libraryb6ub3918okdj1Hx9GT2

(Видео) Слаткар среде концерт викаше по обезбедувањето да ја остави „Сара“ да се качи на сцена во Охрид – снимка од концертот објавена на „Јутуб“

Вирално | пред 8 часа

media-libraryq3hiq76c7no94iGHdp8

Весна Змијанац се враќа во Скопје, пет децении музика, емоции и безвременски хитови на големата сцена во арената „Борис Трајковски“

Сцена | пред 14 часа

media-libraryttfqlfk15v3h0TbAb7D

(Видео) По лажните тврдења за апсење поради перење пари, се појавија нови снимки од наводна акција за одземање на автомобилите на Бака Прасе

Сцена | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања