Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Роботите во Кина добија нови задачи: чистат домови, местат кревети и работат во библиотеки

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-librarynvi3dsrde4i1eMZCYWY
фото: unsplash

Хуманоидните роботи во Кина веќе не се тестираат само со одење и трчање, туку мора да извршуваат задачи од секојдневниот живот. На вторите Светски игри на хуманоидни роботи во Пекинг, машините се натпреваруваат во чистење домови, местење кревети, носење багаж и распоредување книги во библиотеки.

На натпреварувањето учествуваат 2.056 роботи од 666 тимови од 16 земји, што е речиси четири пати повеќе од минатогодишното издание. Најголем дел од учесниците се од Кина.

Во домашните задачи, роботите треба да чистат, да пренесуваат и да перат облека, а во хотелите да носат багаж, да дополнуваат резерви и да местат кревети. Во библиотеките, пак, треба да ги собираат вратените книги и правилно да ги распоредуваат на полиците.

Особено се оценува нивната самостојност – роботите губат поени ако се судрат со предмети, испуштат нешто или имаат потреба од човечка помош.

Кина со ова натпреварување сака да покаже дека хуманоидните роботи можат да се применуваат во реални услови, но нивната висока цена сè уште е една од главните пречки за масовна употреба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 12 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 16 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 23 часа

media-librarydbq28dk5uvvd4FoMvIq

Јужна Кореја ги казни Google и Apple со 47,6 милиони долари поради злоупотреба на пазарот за апликации

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања