Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Роуан Аткинсон ги враќа Мистер Бин и Блекедер на сцената по 40 години

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-libraryip5l3ahv0pd8erKTFjJ

Роуан Аткинсон повторно ќе ги оживее своите најпознати ликови, Мистер Бин и Блекедер, на лондонскиот Вест Енд, во новото шоу „Роуан во живо“.

За британскиот актер и комичар ова ќе биде прво скеч-шоу на Вест Енд по цели 40 години. Шоуто ќе има само 30 изведби, од 8 февруари до 13 март 2027 година, во театарот „Џилијан Лин“ во Лондон.

Покрај познатите скечеви и ликови, Аткинсон ќе изведува и сосема нов материјал.

„Поминаа 40 години откако последен пат направив комично шоу на Вест Енд. Помислив дека би било забавно повторно да ги изведам скечевите со кои почна сè за мене и од кои произлегоа моите најпознати ликови“, изјави 71-годишниот Аткинсон.

На новиот материјал работи со својот долгогодишен соработник Ричард Кертис, како и со Бен Елтон, еден од авторите на „Блекедер“.

Аткинсон го создаде Мистер Бин на сцената во 1980-тите, пред ликот да стане светски познат преку телевизиската серија и филмовите во 1990-тите. Подоцна Мистер Бин доби и анимирана серија, а Аткинсон повторно го играше ликот на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Актерот има и богата театарска кариера. Во 2009 година беше номиниран за наградата „Оливие“, а последен пат настапи на Вест Енд во 2013 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library95a6uctk8oikaInxc5O

(Видео) Сергеј Варошлија: Сè уште сум на суд поради модни критики!

Сцена | пред 17 часа

media-librarykiumsjo60c1c74VjKCR

Таткото на Меган Маркл обвинет за поседување на детска порнографија

Сцена | пред 1 ден

media-librarymslk2s8q210jarrJouH

Голема вест за фановите: Малума ја вклучи Приштина во светската турнеја за 2027 година

Сцена | пред 2 дена

media-library5qcv1rtnih224cN8m3Q

Реј го изедначи рекордот на Бијонсе со 11 номинации за „Греми“

Сцена | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања