Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Самсунг држи речиси 70 проценти од светскиот пазар на телефони на преклопување

Медиасет.мк
пред 50 минути
media-librarya0n0qs58q19f0EQtnFU
фото: unsplash

Самсунг ја зацврсти водечката позиција на светскиот пазар на телефони на преклопување, со удел од речиси 70 проценти во третиот квартал од 2026 година, покажуваат податоците на истражувачката компанија „Смарт аналитикс глобал“ (SAG).

Јужнокорејскиот технолошки гигант освоил 69 проценти од пазарот, што е зголемување за девет процентни поени во споредба со истиот период минатата година и најдобар резултат во последните три години.

На второто место е „Хуавеј“ со 14 проценти, што претставува пад од четири процентни поени, додека „Леново/Моторола“ го зазема третото место со осум проценти, бележејќи раст од два процентни поени.

Доминацијата на Самсунг се поврзува со моделот Galaxy Z Fold8, претставен во август годинава. Според анализата, овој уред придонел со повеќе од половина од вкупните светски испораки на телефони на преклопување и помогнал компанијата да оствари двоцифрен раст во Европа и Јужна Кореја.

Според податоците што ги објавил технолошкиот инсајдер Ice Universe, од 7 август до 30 септември биле продадени 2,85 милиони примероци од Galaxy Z Fold8, односно во просек околу 50.000 уреди дневно.

И покрај моменталната доминација на Самсунг, од SAG предвидуваат дека „Епл“ во текот на 2027 година би можел да стане водечки производител на телефони на преклопување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0hvetc5r8c0v9aUHVzK

Galaxy Z Fold8 го надминува iPhone Duo во мултитаскинг со три активни прозорци

Технологија | пред 21 час

media-libraryc2p0qnnvf5bd2I5FxAq

Хуманоидните роботи би можеле да им заштедат на компаниите до 100.000 долари годишно

Технологија | пред 21 час

microsoft

Еден дефект на Microsoft предизвика хаос во светската економија – откажани трансакции и одложени финансиски извештаи

Технологија | пред 1 ден

media-libraryfbrbdul0mgjl9yWVpq8

Инстаграм со помош на вештачка интелигенција ќе препознава тинејџери и ќе ги префрла на посебни сметки

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања