Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Samsung го најави новиот Galaxy Z Fold8 – доаѓа со целосно нов дизајн

Медиасет.мк
пред 4 месеци
media-library0hvetc5r8c0v9aUHVzK
screenshot Youtube

По повеќемесечни шпекулации и протечени информации, Samsung официјално започна со најавите за својот нов преклопен паметен телефон, за кој се очекува да го носи името Galaxy Z Fold8.

Јужнокорејската компанија на своите профили на социјалните мрежи објави шест мистериозни тизери, со кои за првпат официјално навестува значителни промени во дизајнот на новиот уред.

Иако во видеата не се прикажува самиот телефон, Samsung повеќепати го истакнува поширокиот формат на екранот и користи пораки како „Нов облик“ и „Смел потег“, што укажува на редизајниран модел со поширок сооднос на страните.

Според досегашните информации, новата генерација преклопни телефони на Samsung би можела да биде претставена на 22 јули. Покрај Galaxy Z Fold8, се очекува компанијата да ги претстави и моделите Galaxy Z Fold8 Ultra и Galaxy Z Flip8.

Со оглед на тоа што промотивната кампања веќе започна, се очекува Samsung наскоро официјално да го потврди датумот на својата следна голема презентација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3hjbkoupue3f1Q5psDW

Вреднување до 1,45 трилиони долари, но без гаранција за профит: Кевин ги предупреди инвеститорите во Anthropic

Технологија | пред 7 часа

media-library2pneqmos134udhwTuH2

Вештачката интелигенција откри опасен пропуст во Јава, хакерите би можеле да го злоупотребат

Технологија | пред 22 часа

media-librarylcu5kcd3p1fc4Q3qvCg

„Енвидија“ едногласно го одби враќањето на Џенсен Хуанг на директорската функција

Технологија | пред 1 ден

media-libraryg1r3iu752sdbe12xkzp

Уште проверувате по десет страници за автобуски билет? Билето нуди решение на едно место

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања