Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Сара зборува два јазика и танцува, но не смее да зборува за политика или секс - робот кој претставува жена во Саудиска Арабија

Медиасет.мк
пред 2 години
Screenshot-2024-03-24-at-09.27.10

Сара има 25 години, висока 1,62 метри, зборува арапски и англиски, а облечена е во традиционална арапска облека. Сепак, таа не е живо суштество, туку хуманоиден робот.

Овој робот би требало да претставува типична млада жена од Саудиска Арабија, а официјално беше претставен минатата година. Сега Ели Метри, извршен директор на QSS AI & Robots, компанијата што ја создаде Сара, зборуваше за неа за Business Insider.

Тој нагласи дека роботот, бидејќи претставува жена од таа земја, треба да следи одредени правила и да избегнува да зборува на одредени теми.

„Таа треба да биде фина, а не да зборува за политика или секс, бидејќи сме во Саудиска Арабија. Таа не треба да навлегува во тие теми“, објасни Метри.

Во развојот на роботот, QSS разви свој голем јазичен модел дизајниран да го препознава говорот, но и да ги генерира речениците што ги зборува Сара. Во тој процес, тие користеа голема база на податоци.

Сара беше претставена за прв пат на конференцијата LEAP 2023 во Ријад, кога роботот ја покажа својата способност да разговара и да танцува традиционални арапски танци.

Оттогаш е изложен на бројни технолошки саеми, а Метри вели дека привлекол големо внимание, а во исто време го докажува напредокот што неодамна е постигнат во оваа земја на полето на роботиката, технологијата и вештачката интелигенција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3hjbkoupue3f1Q5psDW

Вреднување до 1,45 трилиони долари, но без гаранција за профит: Кевин ги предупреди инвеститорите во Anthropic

Технологија | пред 6 часа

media-library2pneqmos134udhwTuH2

Вештачката интелигенција откри опасен пропуст во Јава, хакерите би можеле да го злоупотребат

Технологија | пред 22 часа

media-librarylcu5kcd3p1fc4Q3qvCg

„Енвидија“ едногласно го одби враќањето на Џенсен Хуанг на директорската функција

Технологија | пред 1 ден

media-libraryg1r3iu752sdbe12xkzp

Уште проверувате по десет страници за автобуски билет? Билето нуди решение на едно место

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања