Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Се покачуваат цените на „Тему“, царините на Трамп си го направија своето

Медиасет.мк
пред 1 година
Screenshot-2025-04-17-at-09.49.35

Кинеските брендови на онлајн продавници Тему и Шејн ќе ги зголемат цените на своите производи следната недела, откако репресијата на американскиот претседател Доналд Трамп против увозот со мала вредност и огромните царини ги зголемија трошоците за компаниите со ниски цени.

Двете компании велат дека ќе ги зголемат цените од 25 април и ги повикуваат потрошувачите да ја искористат можноста дотогаш да купуваат по тековни цени, објави Ројтерс.

„Поради неодамнешните промени во правилата и тарифите на глобалната трговија, нашите оперативни трошоци се зголемија и за да продолжиме да ги нудиме производите што ги сакате без да го компромитираме квалитетот, ќе бидеме принудени да ги приспособиме цените почнувајќи од 25 април“, велат кинеските компании во изјавата до потрошувачите.

Шејн и Тему, кои нудат производи од играчки до паметни телефони, забрзано пораснаа во САД, делумно благодарение на ослободувањето „de minimis“, кое им овозможи да продаваат по ниски цени.

Сепак, нивниот бизнис модел е под закана по неодамнешната наредба потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп за затворање на „трговската дупка“ што дозволуваше пакети поевтини од 800 долари да влезат во САД без царина од Кина и Хонг Конг. Наредбата стапува на сила на 2 мај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3hjbkoupue3f1Q5psDW

Вреднување до 1,45 трилиони долари, но без гаранција за профит: Кевин ги предупреди инвеститорите во Anthropic

Технологија | пред 7 часа

media-library2pneqmos134udhwTuH2

Вештачката интелигенција откри опасен пропуст во Јава, хакерите би можеле да го злоупотребат

Технологија | пред 22 часа

media-librarykiumsjo60c1c74VjKCR

Таткото на Меган Маркл обвинет за поседување на детска порнографија

Сцена | пред 1 ден

media-librarylcu5kcd3p1fc4Q3qvCg

„Енвидија“ едногласно го одби враќањето на Џенсен Хуанг на директорската функција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања