Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Се распаѓа xAI? Последните коосновачи ја напуштија компанијата на Илон Маск

Медиасет.мк
пред 6 месеци
Mask1

Компанијата за вештачка интелигенција xAI се соочува со сериозни кадровски потреси, откако и последните двајца коосновачи ја напуштија фирмата, оставајќи го Илон Маск практично без основачки тим.

Според информации објавени од Business Insider, Мануел Кроис и Рос Нордин, кои беа последните активни коосновачи во компанијата, ја напуштиле xAI во текот на изминатите денови.

Претходно, речиси сите од вкупно 11 коосновачи веќе ја напуштиле компанијата, што укажува на длабоки внатрешни проблеми во функционирањето и развојот на проектот.

Кроис го предводел тимот за преттренинг на моделите, додека Нордин важел за еден од најблиските соработници на Маск, кој претходно работел и во Tesla и бил вклучен во реструктурирањето на X.

Самиот Маск неодамна призна дека xAI „не бил добро поставен од самиот почеток“ и дека компанијата сега се „гради од темел“.

Во меѓувреме, xAI е интегрирана под пошироката корпоративна структура на SpaceX, заедно со X, во период кога се шпекулира за потенцијален излез на берза.

Развојот на настаните отвора прашања за стабилноста и иднината на еден од најамбициозните проекти на Маск во областа на вештачката интелигенција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library51fk1ndk9h27ejUlXuD

Рекорден пад на акциите на „Гугл“: Избришани 500 милијарди долари за еден ден

Технологија | пред 41 минута

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 13 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 17 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања