Connect with us

#ФАЦИ

Се сврши Симона Живковска, Македонката што глумеше со Скарлет Јохансон

Македонската глумица Симона Живковска се сврши за својот долгогодишен дечко, музичарот Абилио Жоао. Таа објави слики од веридбата на Инстаграм и напиша дека ќе се мажи за својот најдобар пријател. Симона го привлече вниманието на јавноста кога глумеше со Скарлет Јохансон во филмот „Црната вдовица“.

„На почетокот на октомври мојот најдобар пријател ме праша дали ќе омажам за него. Решивме оваа вест да ја држиме под тајност бидејќи сакавме да уживаме во приватноста со блиските пријатели и семејството. Сè што можам да кажам е дека Бог одговори на моите молитви со овој љубезен, трпелив и грижлив човек. Многу сум благословена што имам можност да го споделам остатокот од мојот живот со него“, вели Симона.

Симона е родена во Скопје 1994 година и тука живеела до 2001 година. Таа е по татко Македонка, а по мајка Британка. Во 2001 се преселила во Лондон со мајка си и помладиот брат и тогаш ја почнала актерската кариера.

Кога ја доби улогата во „Црната вдовица“ со Јохансон, Симона на Инстаграм се пофали дека во филмот ќе зборува на македонски јазик.

 

Извор: Репортер.мк

#ФАЦИ

Ареа ќе одржи акустичен концерт во Битола на 7. октомври

 

Ареа ќе одржи акустичен концерт во Битола, на 7. октомври. „Предходната година го издадовме новиот албум „Љубов е“ и до сега имавме повеќе, концертни настапи во повеќето места во Македонија меѓу кои и во Битола. Овој пат решивме тоа да биде акустичен концерт, каде во една поинаква и поинтимна атмосфера публиката ќе може да ужива во нашите песни.

Концертот под наслов „Area Unplugged“ ќе се случи за прв пат на сцената во Центарот за култура во Битола, со почеток во 20 часот,“ информираат од Ареа.

Continue Reading

#ФАЦИ

Песни од Тоше, Гоце Арнаудов, Влатко, Есма, Драган Вучиќ на канцерот „Легендите живеат вечно“

 

Под мотото „Легендите живеат вечно“, на 28-ми октомври во „Македонска филхармонија“ ќе се одржи концерт во чест на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе. Ја испишаа музичката историја, а можеа уште толку многу.

 

Ќе се пеат песните на  Тоше Проески,  Влатко Илиевски,  Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ како и многу други. Картите за овој настан се веќе пуштени во продажба и истите ќе имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

 

 

 

Continue Reading

#ФАЦИ

Архитектот Лука, нова љубов на Тамара

 

Поп-пејачката Тамара Тодевска има нова љубов. Таа веќе неколку пати сподели фотографии,  а станува збор за Лука Радовиќ, архитект и дизајнер од Скопје. Дека има нова љубов веќе наголемо се  зборува и низ чаршијата.

 

Тамара неодамна се разведе од својот сопруг Александра, со кого беше 7 години во брак. Тие имаат две деца, Дарен и Хана. И покрај разделбата со Мачка не е тајна дека тие се во коректни односи, заради децата, а заедно ги прославуваат и родендените на децата, и неодамна објавија заеднички фотографии.

 

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020-2023

error: