Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Патувања

Шефот на IATA: Авиокомпаниите не можат да ги покријат трошоците за гориво

Медиасет.мк
пред 6 месеци
media-libraryd5q3gv47kvmb4v32JUE
Unsplash

Цените на авионските билети во Европа ќе растат поради поскапувањето на авионското гориво, предупреди генералниот директор на Меѓународна асоцијација за воздушен транспорт, Вили Волш.

Во интервју за BBC, Волш изјави дека авиокомпаниите не можат долгорочно да ги апсорбираат зголемените трошоци за гориво, иако дел од европските превозници во последниот период ги намалиле цените поради послабата побарувачка.

Тој предупреди и на можни ризици во снабдувањето пред летната сезона, наведувајќи дека британскиот авионски сообраќај би можел да се соочи со притисок врз резервите на гориво во екот на сезоната, но додаде дека „нема причина за паника“.

Според Волш, дури и ако брзо се отвори Ормускиот теснец, нарушувањата на пазарот на нафта и оштетувањата на рафинериите на Блискиот Исток би можеле подолг период да влијаат врз цените на горивото.

„Едноставно нема начин авиокомпаниите да ги апсорбираат дополнителните трошоци“, изјави Волш, додавајќи дека евентуалните попусти би биле краткорочни и дека товарот на крајот ќе падне врз патниците.

Тој оцени дека проблемот би можел да трае со месеци, па дури и во текот на следната година.

Од Европска Унија соопштија дека не гледаат регулаторни пречки за користење американско авионско гориво, доколку увозот биде внимателно контролиран, додека европскиот комесар за енергетика Дан Јоргенсен порача дека не очекува краткорочен недостиг на гориво, иако долгорочните ризици остануваат.

Слични процени доаѓаат и од туристичкиот сектор. Директорот на TUI, Себастијан Ебел, изјави дека не очекува сериозни нарушувања во следните месеци.

Британската влада соопшти дека ја следи состојбата и соработува со авиокомпаниите за да се избегнат проблеми и да се овозможи непречено планирање на летовите за летната сезона.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykiumsjo60c1c74VjKCR

Таткото на Меган Маркл обвинет за поседување на детска порнографија

Сцена | пред 1 ден

media-library1fknttti348h55GAXMJ

Божиќна магија низ Европа: Градови и плоштади што ќе блеснат во 2026 година

Патувања | пред 5 дена

media-librarytdufiimns1gh2IF4u6t

Сараево и Дубровник меѓу десетте најпосакувани европски градови за патување

Патувања | пред 5 дена

media-libraryd1ssf900d8r6dpQadFk

United Airlines забранува резервации на авионски билети преку ВИ-агенти

Патувања | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања