Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Селена Гомез во злато, Зендеја со кристали: Вака изгледаа ѕвездите на црвениот тепих на „Еми 2026“

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-libraryav0klthllcv92KL5ptX

Црвениот тепих пред 78. доделување на наградите „Еми“ во Лос Анџелес повторно беше вистинска модна сцена, со бројни актерски ѕвезди кои пристигнаа во впечатливи изданија.

Особено внимание привлече Зендеја, која се појави во раскошна креација од „Prada“, украсена со бројни кристали и впечатливо деколте. Нејзиниот изглед беше дополнет со впечатлив накит, со што уште еднаш го потврди статусот на една од највпечатливите дами на црвениот тепих.

Селена Гомез, пак, блесна во златна креација од „Louis Vuitton“. Со долгата пуштена коса и речиси незабележлива шминка на очите, пејачката и актерка избра поедноставен, но елегантен изглед.

Никол Кидман се појави во миди-фустан со висок шлиц, додека Адам Броди, познат по улогата во „Округот Оринџ“, привлече внимание во елегантно одело надополнето со марама.

Црвениот тепих и овојпат покажа дека доделувањето на „Еми“ не е само натпревар за телевизиски награди, туку и една од најочекуваните модни вечери во Холивуд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 8 часа

media-librarygofq8qpt2gaf6SfldLy

Серена Вилијамс блесна во леопардов фустан на гала-вечер во Лос Анџелес

Сцена | пред 9 часа

media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Сцена | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања