Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Селин Дион повторно на сцена по шест години: Во Париз запеа пред илјадници обожаватели

Медиасет.мк
пред 3 седмици
maxresdefault-2

По повеќе од шест години пауза од целосните концерти, Селин Дион повторно застана пред илјадници обожаватели и одржа концерт во Париз, враќајќи се на сцената по долг период исполнет со здравствени предизвици.

Канадската пејачка настапи на 12 септември во „Plenitude Arena“ во Нантер, во близина на Париз, каде што го одржа првиот целосен концерт по март 2020 година. Настапот траеше околу два часа и 15 минути, а Дион изведе околу 25 песни.

Концертот го започна со „On ne change pas“, по што не успеа да ги задржи солзите. „Си ветив дека нема да плачам“, им порача на присутните, кои ја пречекаа со громогласни овации. Пејачката потсети и на ветувањето дека повторно ќе се врати на сцената.

Дион во 2022 година откри дека ѝ бил дијагностициран синдром на вкочанета личност, ретко невролошко нарушување кое предизвикува мускулна вкочанетост и болни грчеви. Поради состојбата таа откажа низа настапи и со години беше надвор од сцената.

Првиот голем знак за нејзиното враќање беше настапот на отворањето на Олимписките игри во Париз во јули 2024 година, кога од Ајфеловата кула ја изведе „Hymne à l’amour“ од Едит Пјаф.

На концертот во Нантер таа ги отпеа и „All By Myself“, „I’m Alive“, „Pour que tu m’aimes encore“ и „It’s All Coming Back to Me Now“, а кулминацијата беше изведбата на нејзиниот светски хит „My Heart Will Go On“.

Интересот за нејзиното враќање е огромен. Покрај 16-те концерти закажани за септември и октомври годинава, додадени се уште 10 настапи во мај 2027 година, со што Дион ќе има вкупно 26 концерти во Париз.

Пред 38 години, тогаш 20-годишната Дион ја претставуваше Швајцарија на Евровизија во Даблин со „Ne partez pas sans moi“ и победи со само еден поен предност пред Велика Британија. Победата беше почеток на кариерата која подоцна ја однесе меѓу најголемите светски музички ѕвезди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryevngjc49grg53AMYA5u

Хејли Бибер го збуни водителот: „Џастин е Французин“

Сцена | пред 21 час

5c34837e-f238-463a-b437-70c10a0a0a67-karleusa-i-dusko-750x500-1

Карлеуша: „Со Душко можам да се смирам за една минута, но тоа не го сакам“

Сцена | пред 21 час

Elon-Musk-loses-worlds-second-richest-ranking

Шивон Зилис и Илон Маск ставија крај на врската преку „Х“

Сцена | пред 1 ден

media-library95lf7sgackvjcF9lJrD

(Видео) Хитот на Калиопи „Oбои ме“ доби нов текст од Слаткаристика

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања