Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Северина објави три нови песни пред концертот во Скопје

Медиасет.мк
пред 1 месец
severina

Хрватската пејачка Северина објави три нови песни пред концертот што ќе го одржи на 5 декември во „Т Арена“ во Скопје. Музичката трилогија ја најави со песната „Не сум јас виновна“, со дополнителен наслов „Бесчувствителна“.

Пејачката ја опиша песната како емотивна поп-рок композиција, а во најавата се пошегува и со своите долгогодишни судски процеси.

„Како што вели песната, јас не сум виновна. Ова е емотивна поп-рок песна. Мама ми шиеше фустан за на суд, но, за среќа, повеќе немам судења, па, еве, нека го видат фустанот“, рече Северина.

Со изјавата таа се осврна на долгогодишниот судски спор со поранешниот партнер Милан Поповиќ околу родителската грижа за нивниот син Александар. Судскиот спор започна во 2013 година, а во текот на годините беа донесени повеќе одлуки поврзани со живеењето на детето и остварувањето на родителската грижа. Со последната одлука, судот во Сплит повторно им додели заедничко старателство на Северина и Поповиќ.

Режисер на спотот за „Не сум јас виновна“ е Петар Пашиќ, музиката ја потпишува Бојан Васиќ, а текстот е на Даниел Павловиќ.

Северина на 5 декември ќе настапи во „Т Арена“ во Скопје, а билетите за концертот се достапни преку мрежата на „Купи карта“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3r1vf8sa7mmid0r6w9c

Три хороскопски знаци влегуваат во период на финансиско олеснување: долговите и грижите остануваат зад нив

Вирално | пред 7 часа

media-libraryb6ub3918okdj1Hx9GT2

(Видео) Слаткар среде концерт викаше по обезбедувањето да ја остави „Сара“ да се качи на сцена во Охрид – снимка од концертот објавена на „Јутуб“

Вирално | пред 8 часа

media-libraryq3hiq76c7no94iGHdp8

Весна Змијанац се враќа во Скопје, пет децении музика, емоции и безвременски хитови на големата сцена во арената „Борис Трајковски“

Сцена | пред 13 часа

media-libraryttfqlfk15v3h0TbAb7D

(Видео) По лажните тврдења за апсење поради перење пари, се појавија нови снимки од наводна акција за одземање на автомобилите на Бака Прасе

Сцена | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања