Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Филм

„Силјан“ е македонскиот кандидат за „Оскар“ за најдобар интернационален филм

Медиасет.мк
пред 1 година
siljan

Македонскиот филм „Силјан“, во режија на Тамара Котевска и продукција на „Конкордиа“ (Concordia), е избран како официјален кандидат на Македонија за наградата „Оскар“ во категоријата Најдобар интернационален филм.

Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, која е призната и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука. Во составот на комисијата беа: претседателот и продуцент Томи Салковски, продуцентката Лабина Митевска, режисерот Даријан Пејовски, продуцентката Марија Димитрова, кинематограферот Душан Кардалевски, првиот асистент на камера Марина Колоска, режисерот на анимиран филм Иван Ивановски, тон мајсторот Братислав Зафировски и авторот на филмска маска Горан Игњатовски. Одлуката беше донесена едногласно.

Годинава, комисијата избираше меѓу три филмски остварувања: „Ди Џеј Ахмет“ на Георги Унковски во продукција на „Синема Футура“, „Силјан“ на Тамара Котевска во продукција на Concordia и „Планината не оди никаде“ на Петра Селишкар во продукција на Cinepaqe Production.

При селекцијата, како што беше наведено, членовите на комисијата се воделе од синеастичката вредност на филмовите, моќта на нивните приказни, драматуршките и визуелните квалитети, како и од критичката перспектива што секое дело ја нуди кон актуелните општествени и политички состојби.

Друштвото на филмските работници на Македонија има мандат за избор на националниот кандидат за „Оскар“ уште од осамостојувањето на државата, кога Американската академија за подвижни слики (AMPAS) го препозна како единствено релевантно тело за селекција и кандидатура на македонските филмови.

фото: ФБ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

media-library1oht0fne3e5m6tNyxPs

Три хороскопски знаци кои секогаш препознаваат добра можност за заработка

Вирално | пред 2 дена

johnny-depp-sept-2020

Актери кои добиле милиони за филмови во кои никогаш не се појавиле

Филм | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања