Медиасет.мк logo
Промени тема
Технологија

Скандал во OpenAI: ChatGPT користи „Грокипедија“ како извор

Медиасет.мк
пред 8 месеци
media-libraryadk4feipqs4dcyFLoKG

Новиот извештај ја вознемири технолошката заедница со тврдењата дека најнапредниот модел на OpenAI, GPT-5.2, при обработка на одредени чувствителни и контроверзни теми користи „Грокипедија“ како извор на информации.

Иако GPT-5.2 е претставен како врв на вештачката интелигенција наменет за професионалци, тестирањата покажуваат дека системот при обработка на прашања за: поврзаноста на иранската влада со телекомуникациските компании, контроверзни историски личности и судења за негирање на Холокаустот, како и политички чувствителни теми на Блискиот исток, често се повикува на Грокипедија.

Оваа онлајн енциклопедија, која ја лансираше Илон Маск како „анти-вок“ алтернатива на Википедија, од самиот почеток ја следи лоша репутација поради нетранспарентни и понекогаш сомнителни извори. Истражувачите претходно предупредиле дека Грокипедија често повлекува податоци од радикални форуми и сомнителни сајтови, што ја зголемува загриженоста околу безбедноста и објективноста на одговорите на AI.

Интересно е дека моделот селективно ги бира изворите – додека за историски теми ја користел платформата на Маск, за прашања поврзани со американските избори и медиумската пристрасност се потпирал на стандардни извори на вести.

Од компанијата предводена од Сем Алтман стигна кратко објаснување дека GPT-5.2 го пребарува интернет-просторот за да опфати што поширок спектар на јавни точки на гледиште. Иако тврдат дека користат напредни филтри за спречување на штетни содржини, не дадоа конкретен одговор зошто Грокипедија е меѓу дозволените извори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library52nl369hif24a0jDsPz

Пристигнува MacBook со екран на допир: Apple подготвува големи новитети

Технологија | пред 8 часа

actor-george-clooney-and-lawyer-amal-clooney-enter-the-news-photo-1664279400

Џорџ Клуни првпат проговори за смртта на Пресли Гербер: „Една од најтешките работи што може да му се случат на едно семејство“

Сцена | пред 14 часа

media-library5dsq4cngf4stf51N7R2

Водителот ја праша Шакира за Пике, а нејзиниот одговор ги насмеа сите

Сцена | пред 15 часа

media-library0qdukd9sdvn9f8K17AL

Тинејџер се загубил на планина откако ги следел упатствата на вештачката интелигенција

Технологија | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања