Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Словенија: 62 отсто од граѓаните користат алатки со вештачка интелигенција

Медиасет.мк
пред 3 седмици
media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5
unsplash

Во првиот квартал од годинава, 62 отсто од жителите на Словенија на возраст од 16 до 74 години користеле алатки со вештачка интелигенција, покажуваат податоците на словенечкиот Завод за статистика.

Во однос на минатата година, тоа е зголемување од 24 процентни поени, а употребата е трипати поголема во споредба со 2024 година. Најчесто се користеле алатки како ChatGPT, Copilot, Gemini, DeepL и Grok.

Најголем удел има меѓу младите, каде што AI алатки користат 90 отсто од испитаниците. Кај лицата од 65 до 74 години уделот е најмал. Жените ги користат овие алатки нешто почесто од мажите, односно 64 наспроти 59 отсто.

Вештачката интелигенција ја користат и 93 отсто од учениците и студентите, 71 отсто од вработените и 30 отсто од пензионерите. Девет од десет корисници ја применуваат главно за приватни цели, додека 37 отсто ја користат за работа.

Расте и примената во компаниите. Околу 38 отсто од словенечките компании користеле AI во првиот квартал, што е за 16 процентни поени повеќе од една година претходно. Најголема е употребата кај големите компании, каде што достигнува 83 отсто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 12 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 16 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 1 ден

media-librarydbq28dk5uvvd4FoMvIq

Јужна Кореја ги казни Google и Apple со 47,6 милиони долари поради злоупотреба на пазарот за апликации

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања