Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Филм

Снимањето на серијата „Емили во Париз“ во Венеција прекинато поради смрт на сетот

Медиасет.мк
пред 1 година
Screenshot-2025-08-23-at-08.53.01

Снимањето на новата сезона на популарната серија „Емили во Париз“ е прекинато откако 47-годишен Италијанец починал на сетот во еден хотел во Венеција. Како што потврдија градските власти, тој се онесвестил за време на сет, а и покрај сите обиди за реанимација, не успеале да му го спасат животот. Се претпоставува дека причината за смртта е срцев удар.

Засега не е познато колку долго продукцијата ќе биде ставена во мирување. Иако дејството на серијата е сместено во Париз, дел од новите епизоди се снимаат во Италија, вклучително и во Рим и Венеција. Според планот, снимањето во Венеција требало да трае до понеделник, по претходните снимања што се одржаа во мај во Рим.

Од „Нетфликс“ најавуваат дека петтата сезона ќе ја има својата премиера непосредно пред Божиќ.

Според италијанските медиуми, починатиот бил помошник-режисер кој долг период работел во меѓународната филмска индустрија. Тој бил роден во Венеција, а трагичниот настан се случил додека се снимала една од завршните сцени во прочуениот хотел „Даниели“. Градското собрание изрази сочувство до неговото семејство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

media-library1oht0fne3e5m6tNyxPs

Три хороскопски знаци кои секогаш препознаваат добра можност за заработка

Вирално | пред 2 дена

johnny-depp-sept-2020

Актери кои добиле милиони за филмови во кои никогаш не се појавиле

Филм | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања