Медиасет.мк logo
Промени тема
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Снуп Дог ја води големата музичка вечер, Мадона и Тејлор Свифт во центарот на вниманието

Медиасет.мк
пред 3 седмици
pxl_pa_030815_11296863

Една од најголемите музички вечери во годината ќе се одржи вечерва во Лос Анџелес, каде што на сцената на MTV Video Music Awards 2026 ќе се појават некои од најголемите имиња на светската музика. Во центарот на вниманието ќе бидат Мадона и Тејлор Свифт, кои годинава носат неколку значајни моменти.

Мадона е меѓу најноминираните ѕвезди на церемонијата со 13 номинации, вклучително и во категориите за видео и изведувач на годината. Сепак, најголемото внимание го привлекува нејзиното враќање на сцената на MTV VMA по пауза од 23 години.

„Кралицата на попот“ ќе ја отвори церемонијата, со што повторно ќе застане на сцената на манифестацијата со која нејзината кариера е тесно поврзана.

Тејлор Свифт, пак, ќе испише нова страница во историјата на MTV VMA. Манифестацијата годинава за првпат ја воведува наградата Artist Director Honors, а Свифт е избрана за нејзина прва добитничка, како признание за нејзината работа зад камерата и влијанието врз музичките видеоспотови и визуелното раскажување.

Со новото признание, Свифт ќе стигне до 31 VMA награда. Таа годинава има и 11 номинации.

На церемонијата ќе биде прикажана и светската премиера на видеоспотот за нејзиниот нов сингл „Patient Zero“, кој Свифт сама го режирала. Во видеото се појавуваат Колин Фарел и Дакота Џонсон, додека зад камерата е оскаровецот Емануел Лубецки.

Домаќин на годинашните MTV VMA ќе биде Снуп Дог. Покрај Мадона, настапи се најавени и на LISA, RAYE, Shaboozey, Gunna, GENER8ION, Yung Lean и Sienna Spiro.

Меѓу артистите со најмногу номинации се и Сабрина Карпентер, Аријана Гранде и Бруно Марс.

Церемонијата ќе започне во 19:30 часот по американско источно време, односно во 1:30 часот по полноќ по македонско време, во ноќта меѓу недела и понеделник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvd6macejjckn4bTwgex

Неверојатен потег на режисерот: Му испратил 200 пакувања никотински кесички на Роберт Патинсон за да ја прифати улогата

Сцена | пред 5 часа

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери на суд поради синот: Неговото сведочење се одржа зад затворени врати

Сцена | пред 5 часа

media-library3cbhle5ccqhs34Bee2N

Ники Минаж по посетата на Белата куќа: „Никаде не одам, токму таму каде што треба да бидам“

Сцена | пред 7 часа

Jelena-KArleusa-foto-RAjko-Ristic-019

(Видео) Карлеуша снимена како се бакнува со 23-годишниот манекен Александар Шево

Сцена | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања