Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Шпанското трио „Вибрарт“ вечерва настапува на „Охридско лето“

Медиасет.мк
пред 3 месеци
media-libraryfo4basad0t541D4I5Cd

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Вечерашниот фестивалски термин од 21 часот во црквата „Света Софија“ е резервиран за Шпанската вечер на „Охридско лето“ на која ќе настапи триото „Вибрарт“.

Ова трио го сочинуваат пијанистот Хуан Перез Флористан, виолинистот Мигуел Колом Куеста и виолончелистот Фернандо Ариас Фернандез.

Триото „Вибрарт“ е основано во 2015 година во Берлин и е резултат на спојот на тројца исклучителни музичари кои решително, со искрен и автентичен пристап му се посветуваат на репертоарот за пијано-трио. Името на ансамблот „Вибрарт“ ја отсликува моќта на камерната музика да ја допира, да комуницира и да остава силен уметнички печат врз публиката.

Сите тројца членови, покрај активноста со камерна музика продолжуваат паралелно со индивидуална музичка кариера. Школувани на Високата школа за музика „Кралица Софија“ во Мадрид и во Берлин, тие ја комбинираат нивната кариера со педагошка активност и со оркестарски проекти.

Хуан Перез Флористан е носител на награди од натпреварот „А. Рубинштајн“ и од Натпреварот за пијанисти во Сантандер, и е професор на Академијата „Баренбоим-Саид“. Виолинистот Мигел Колом е концерт-мајстор на Шпанскиот национален оркестар и предава на Високата школа за музика „Кралица Софија“ и на Академијата „Баенбоим-Саид“, додека пак Фернандо Ариас е добитник на бројни награди и признанија и е професор на Кралскиот конзерваториум во Мадрид и предава на на Високата школа за музика „Кралица Софија“.

Како трио се обликуваат под менторство на Еберхард Фелц, Менахем и Кенеди Морети, а нивниот репертоар ги вклучува делата од стандарниот репертоар за клавирско трио од Моцарт, па сè до делата од Лера Ауербах. Нивното дебитантско издание содржи дела од Шуберт и Шостакович.

Настапуваат низ Европа на фестивали како „Поленса“ и „Марвао“, на фестивалот во „Шлос Елмау“, во салата „Корто“ во Париз, како и на престижните камерни концерти во Берлин. Заеднички настапуваат како солисти со Шпанскиот национален оркестар, Националниот оркестар на Каталонија, Кралскиот симфониски оркестар на Севиља и оркестарот на провинцијата Аликанте во сали како Националниот аудиториум за музика во Барселона и Театарот „Маестранца“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3r1vf8sa7mmid0r6w9c

Три хороскопски знаци влегуваат во период на финансиско олеснување: долговите и грижите остануваат зад нив

Вирално | пред 9 часа

media-libraryb6ub3918okdj1Hx9GT2

(Видео) Слаткар среде концерт викаше по обезбедувањето да ја остави „Сара“ да се качи на сцена во Охрид – снимка од концертот објавена на „Јутуб“

Вирално | пред 9 часа

media-libraryq3hiq76c7no94iGHdp8

Весна Змијанац се враќа во Скопје, пет децении музика, емоции и безвременски хитови на големата сцена во арената „Борис Трајковски“

Сцена | пред 15 часа

media-libraryttfqlfk15v3h0TbAb7D

(Видео) По лажните тврдења за апсење поради перење пари, се појавија нови снимки од наводна акција за одземање на автомобилите на Бака Прасе

Сцена | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања