Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Технологија

СпејсИкс ја купи xAI: Маск ги спои двете компании во највредната приватна фирма во светот

Медиасет.мк
пред 9 месеци
media-librarya6g6ia3iclen3vOwTMX

Компанијата „СпејсИкс“ објави дека ја купила xAI, со што се споени двете компании на милијардерот Илон Маск во, како што се наведува, највредната приватна компанија во светот.

Маск во соопштение објавено на веб-страницата на „СпејсИкс“ наведе дека спојувањето претставува „следно поглавје“ во заедничката мисија на „СпејсИкс“ и xAI, пренесува Си-Ен-Ен.

Аналитичарите оценуваат дека овој потег укажува на потребата на xAI за поголеми финансиски и компјутерски ресурси во сè поконкурентната област на вештачката интелигенција, како и на растечкото значење на оваа технологија за иднината на вселенските истражувања.

Според податоците на истражувачката компанија „ПичБук“, вредноста на „СпејсИкс“ е проценета на 800 милијарди долари по секундарната продажба на акции во декември 2025 година, додека xAI е проценета на 230 милијарди долари по последната рунда финансирање во јануари.

Маск наведе дека напредокот во вештачката интелигенција во моментов се потпира на големи центри за податоци на Земјата, кои бараат огромни количини енергија и ладење, и оцени дека „логично решение“ е преместување на таквите системи во вселената.

„СпејсИкс“ минатата недела побара дозвола од Федералната комисија за комуникации за лансирање констелација од еден милион сателити, со цел создавање мрежа на центри за податоци напојувани со сончева енергија за потребите на вештачката интелигенција.

Според проценките на Маск, вештачката интелигенција во рок од две до три години би можела најевтино да се развива токму во вселената.

Во меѓувреме, растот на побарувачката за компјутерска моќ и енергија веќе поттикнува големи инвестиции на технолошките компании во инфраструктура, додека во одделни делови на САД се забележани значителни зголемувања на трошоците за електрична енергија во близина на дата-центри.

xAI, која неодамна собра 20 милијарди долари од инвеститори, е и сопственик на социјалната мрежа X, чиј AI четбот Грок се соочи со критики поради проблематична содржина.

И покрај тоа, интересот на инвеститорите за вештачката интелигенција останува силен, наведува Си-Ен-Ен.

Меѓу „СпејсИкс“ и xAI и претходно постоеше значајна соработка и преклопување на кадри, иако некои поранешни вработени предупредуваа на можни културолошки разлики меѓу компаниите.

Маск во декември ги потврди плановите за иницијална јавна понуда на акции на „СпејсИкс“, која, според наводите, би можела да биде меѓу најголемите во историјата и дополнително да ја зголеми неговата веќе огромна нето-вредност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3hjbkoupue3f1Q5psDW

Вреднување до 1,45 трилиони долари, но без гаранција за профит: Кевин ги предупреди инвеститорите во Anthropic

Технологија | пред 7 часа

media-library2pneqmos134udhwTuH2

Вештачката интелигенција откри опасен пропуст во Јава, хакерите би можеле да го злоупотребат

Технологија | пред 22 часа

media-librarykiumsjo60c1c74VjKCR

Таткото на Меган Маркл обвинет за поседување на детска порнографија

Сцена | пред 1 ден

media-librarylcu5kcd3p1fc4Q3qvCg

„Енвидија“ едногласно го одби враќањето на Џенсен Хуанг на директорската функција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања