Connect with us

#ФАЦИ

Според „Варајати“, македонскиот режисер Горан Столевски е меѓу најдобрите десет за 2022 година

Списанието за филмска, музичка и театарска уметност „Варајати“ го смести режисерот Горан Столевски на својата листа со режисери што не треба да ги пропуштиме во 2022 година. Македонскиот режисер се најде на листата за неговиот најнов филм „Нема да бидеш сама“, кој ќе има премиера на 28 јануари.

„Уште еден неверојатен автор, едуциран во Австралија, го поврзува фолклорот на родната Македонија во своето натприродно долгометражно деби – ‘Нема да бидеш сама’, што ги истражува проблемите на родот и идентитетот на начини какви што публиката никогаш не видела претходно“, пишуваат од светското филмско списание.

Филмот ја раскажува приказната за девојче што ќе биде киднапирано и трансформирано во вештерка од страна на древен дух со голема моќ. Столевски, освен што е режисер, го напиша и сценарио за филмот. Главната улога во филмот ја игра Сара Климоска.

Столевски живее во Австралија. Дипломирал мастер за филм и телевизија на Викторијанскиот колеџ на уметности при Универзитетот во Мелбурн. Досега снимил 24 кратки филмови. Филмот „Види ја ти неа“ доби пет награди, а победи и во категоријата најдобар интернационален краток филм на филмскиот фестивал „Санденс“ во 2018 година.

Извор: Репортер.мк

#ФАЦИ

Скоро 700 илјади прегледи на македонското видео за Јуниор Евросонг: Децата од „Дајте музика“ меѓу фаворитите за победа

Видеото за песната Green Forces со која децата од „Дајте музика“, кои ќе ја преставуваат Македонија на Јуниор Евросонг, има скоро 700 илјади прегледи откако пред две недели беше објавено на Јутјуб. Со развиорени знамиња, Кристина, Анастасија, Миха и Филип, им се заблагодарија на своите фанови за поддршката што ја добиваат.

Според коментарите од фановите од цела Европа, македонската песна и децата од „Дајте музика“ се меѓу омилените на годинашниот избор. Скоро сите пораки на јутјуб се со поддршка, а многумина пишуваат дека Green Forces е толку многу заразна и не можат да престанат да ја пеат, што ќе гласаат за неа и се надеваат дека Македонија ќе победи.

Музиката за Green Forces ja напиша Роберт Билбилов, а текстот е на Робин Зимбаков. Видеото е на „Вертиго вижуалс“.

Јуниор Евросонг годинава ќе се одржи на 19 декември во Париз, Франција.

(Видео) Со песна за спас на планетата Земја децата од „Дајте музика“ ќе настапат на Јуниор Евросонг

Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

Пионерите на македонскиот хип-хоп „Чиста околина“ со нова песна го најавија следниот албум

Пионерите на македонскиот хип-хоп „Чиста околина“ го објавија првиот сингл од својот следен албум, кој треба да излезе во првата половина на 2022 година. Ова ќе биде вториот од трите албуми што ги најавија.

„‘Чиста околина‘ останува доследна на својата бескрајна музичка љубопитност и на новата песна ‘Врие Македонец‘ го спојува хип хоп изразот со семплови од Драган Ѓаконовски-Шпато, ‘Телонаука совршена‘, ‘Анастасија‘ и Алек Пејовски“, велат од издавачката куќа „Филтер лејбл“.

„Чиста околина“ во мај го објави Avant-garde fatiguée, нивниот прв албум по повеќе од 25 години пауза. Тој претходно беше најавен со сингловите „Си играме со рапот“ и „Малку поети“.

Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

Времето лета Мања: Александар Митевски со емоции за роденденот на помалата ќерка

Пејачот и композитор, Александар Митевски, откри дека неговата помала ќерка Мања наполни 16 години. Тој на Фејсбук објави две постари слики со ќерка си, едната од нејзиниот 14. роденден, другата кога била помала.

„Мојата помала ќерка Мања денес 16. Времето лета“, напиша Митевски.

Освен Мара, Александар ја има и ќерката Ања. Таа во декември ќе полни 21 година.

Извор: Репортер.мк

Continue Reading
Advertisement

Инста

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: