Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Српското здружение на потрошувачи повикува на бојкот на Тони Цетински

Медиасет.мк
пред 8 месеци
toni-cetinski-promo-205526

Српското здружение на потрошувачи „Ефектива“ повика на бојкот на хрватскиот пејач Тони Цетински, поради тоа што го откажа концертот во салата „Спенс“ во Нови Сад само неколку часа пред почетокот.

Откако концертот беше откажан на денот кога требаше да се одржи, „Ефектива“ соопшти дека публиката има право на враќање на парите и ги повика граѓаните да го бојкотираат хрватскиот пејач.

Погодените посетители имаат право на целосно враќање на платените билети (пари за билетот плус наплатена провизија). Исто така, оние кои поради концертот имаа дополнителни трошоци (превоз од друг град, сместување), имаат право на надомест за тие трошоци“, се наведува во соопштението.

Здружението истакнува дека неговите членови во слични ситуации веќе покренувале постапки за надомест на штета, при што дел од нив завршиле со исплата на компензација.

Посетителите се советуваат најпрво да испратат писмено барање до продавачот на билети за враќање на парите, а ако не добијат целосен надомест, можат да покренат потрошувачка постапка.

Во објавата од здружението се критикуваат и организаторите и самиот пејач:

Не дозволувајте да ве излажат замислените ѕвезди и организаторите и да ги земаат вашите пари. Овде не станува збор само за пари, туку и за потребата ѕвездите и организаторите кон својата публика да се однесуваат со повеќе почит“, наведоа од „Ефектива“, повикувајќи на бојкот на Тони Цетински поради, како што тврдат, непрофесионалниот однос кон публиката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library95a6uctk8oikaInxc5O

(Видео) Сергеј Варошлија: Сè уште сум на суд поради модни критики!

Сцена | пред 6 минути

media-librarykiumsjo60c1c74VjKCR

Таткото на Меган Маркл обвинет за поседување на детска порнографија

Сцена | пред 1 ден

media-librarymslk2s8q210jarrJouH

Голема вест за фановите: Малума ја вклучи Приштина во светската турнеја за 2027 година

Сцена | пред 2 дена

media-library5qcv1rtnih224cN8m3Q

Реј го изедначи рекордот на Бијонсе со 11 номинации за „Греми“

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања