Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Сцена

„Стомакот ми беше полн со крв“: Теа Таировиќ откри низ што поминала пред операцијата

Медиасет.мк
пред 3 седмици
tea-tairovik

Српската пејачка Теа Таировиќ откри дека била итно оперирана откако ѝ пукнал крвен сад во стомакот. Таа им се обрати на следбениците од болничкиот кревет, признавајќи дека ги игнорирала болките и дека здравствениот проблем ѝ бил сериозна опомена.

Пејачката објасни дека проблемот настанал наутро на 25 октомври, но претходно не обрнувала доволно внимание на сигналите што ѝ ги испраќало телото. По настапот во Франкфурт, Германија, имала сериозни здравствени тегоби, но ја одбила понудената хоспитализација и се вратила во Белград, верувајќи дека нејзината состојба не е толку сериозна.

„По концертот во Франкфурт, стомакот ми беше полн со крв. Дури и одбив да бидам хоспитализирана во Франкфурт, верувајќи дека тоа не ми е потребно и дека сум добро“, откри Таировиќ.

Таа соопшти дека операцијата поминала и дека се чувствува добро, надевајќи се на брзо закрепнување. Поради здравствената состојба, во наредниот период ќе направи пауза од настапите за целосно да се посвети на опоравувањето.

„Морам да го слушам своето тело и да се грижам за него. Отсекогаш верував дека сум супержена, но очигледно моето тело не се согласи со тоа“, порача пејачката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymslk2s8q210jarrJouH

Голема вест за фановите: Малума ја вклучи Приштина во светската турнеја за 2027 година

Сцена | пред 12 часа

media-library5qcv1rtnih224cN8m3Q

Реј го изедначи рекордот на Бијонсе со 11 номинации за „Греми“

Сцена | пред 1 ден

media-libraryb2qn222k2mp02ks0De3

„Имаш уште шест прсти“: Обожавател ја насмеа Џенифер Лопез со шега за нејзините бракови

Сцена | пред 1 ден

media-libraryagmidm0rorie4SPCTlB

Северина осудена по тужба од хрватска судијка, треба да плати над 6.700 евра

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања