Иако со децении е позната како телевизиска водителка, актерка и некогашна „лото-девојка“, Сузана Манчиќ има и академско образование по право. Дипломата од Правниот факултет ја чува, иако никогаш професионално не се занимавала со правната професија.
Во емисијата „На терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“, Манчиќ се присети на семејството во кое пораснала и на влијанието што тоа го имало врз нејзиниот животен пат. Таа откри дека нејзините родители биле љубители на уметноста и дека во нивниот дом често се собирале интелектуалци и актери.
„Татко ми беше новинар, но совршено свиреше на виолина и пееше, а мајка ми беше сопран. Кај нас во куќата постојано се собираа интелектуалци, актери… Одевме во музеи, театри, се воспитувавме на вистински вредности. Затоа сите беа зачудени кога јас отидов на естрадата“, раскажала Манчиќ.
Таа признала дека поради бројните професионални ангажмани дипломата ја добила нешто подоцна, но сепак успешно ги завршила студиите на Правниот факултет.
Манчиќ денес е во брак со грчкиот бизнисмен Симеон Оцококос, а времето го поминува меѓу Белград и Грција. Неодамна ја добила и улогата на баба, откако нејзината ќерка Теодора го родила синот Мијат.