Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Светот чека изјава од Трамп, НАСА го одреди датумот за лет околу Месечината

Медиасет.мк
пред 8 месеци
mesecina

Додека јавноста очекува можна изјава од американскиот претседател Доналд Трамп поврзана со наводи за вонземски живот, НАСА го одреди најраниот датум за лансирање на мисијата „Артемис II“ – 6 март.

Станува збор за прва мисија со екипаж што ќе лета околу Месечината по повеќе од 50 години, односно по мисијата Аполо 17 во 1972 година. Четворица астронаути ќе заминат на десетдневно патување околу далечната страна на Месечината и назад кон Земјата.

Екипажот го сочинуваат тројца Американци и еден Канаѓанец, кои ќе патуваат со мегаракетата „Систем за лансирање во вселената“ (SLS), висока 98 метри. На врвот на ракетата ќе се наоѓа капсулата „Орион“, со простор приближно колку минибус, каде што астронаутите ќе живеат и работат за време на мисијата.

По првиот ден во орбита околу Земјата, леталото ќе се упати кон Месечината, патување што трае околу четири дена. Екипажот ќе мине на оддалеченост од 6.500 до 9.500 километри над површината и ќе изврши набљудувања и снимања, по што ќе започне враќање и спуштање во Тихиот Океан.

Доколку мисијата биде успешна, таа ќе го отвори патот за „Артемис III“, во која повторно ќе се слета на Месечината. НАСА посочува дека целта е слетување до 2028 година, иако временската рамка се оценува како амбициозна.

Во меѓувреме, САД се во технолошка трка со Кина, која најавува сопствено слетување на Месечината до 2030 година. Двете држави планираат мисии кон јужниот пол на Месечината, каде се очекуваат клучни ресурси за идни лунарни бази.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3hjbkoupue3f1Q5psDW

Вреднување до 1,45 трилиони долари, но без гаранција за профит: Кевин ги предупреди инвеститорите во Anthropic

Технологија | пред 6 часа

media-library2pneqmos134udhwTuH2

Вештачката интелигенција откри опасен пропуст во Јава, хакерите би можеле да го злоупотребат

Технологија | пред 22 часа

media-librarylcu5kcd3p1fc4Q3qvCg

„Енвидија“ едногласно го одби враќањето на Џенсен Хуанг на директорската функција

Технологија | пред 1 ден

media-libraryg1r3iu752sdbe12xkzp

Уште проверувате по десет страници за автобуски билет? Билето нуди решение на едно место

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања