Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Филм

Светска премиера на „Кучињата немаат соништа“ на Ханис Багашов на Сараевскиот филмски фестивал

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-librarypshuii4a93tfaR7EZXN

Краткометражниот игран филм „Кучињата немаат соништа“ на младиот режисер Ханис Багашов ја имаше својата светска премиера на 32. издание на Сараевскиот филмски фестивал.

Филмот ја следи приказната на тинејџерите Илире и Бесник од планинско село, чија љубов е попречена од патријархалното наследство и општествените норми што не им дозволуваат да бидат заедно.

Сценариото и режијата се на Ханис Багашов, кој е и продуцент на филмот. Копродуценти се Касијана Ангелова од Бугарија и Јуре Тержан од Словенија.

Главните улоги ги толкуваат Ера Балај и Дениз Рустеми, а во филмот играат и Илире Винца, Рефет Абази, Ментор Курти и Греса Фаризи.

Директор на фотографија е Фејми Даут, монтажата е на Касијана Ангелова, музиката на Арта Абази, додека костимите и сценографијата се на Елена Билбилоска. Дизајнот на звукот е на Дарко Спасовски.

„Кучињата немаат соништа“ е поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, во продукција на „Хитра Филмс“ и копродукција на „Етерна Филмс“ и „Касабланка“.

Светската премиера на филмот се одржа во рамки на Сараевскиот филмски фестивал, еден од најзначајните филмски фестивали во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqfqhouj9pvumd97zQWJ

Даниел Редклиф не знае дали ќе ја гледа новата серија за Хари Потер: „Осум часа се премногу“

Филм | пред 7 часа

media-library3r1vf8sa7mmid0r6w9c

Три хороскопски знаци влегуваат во период на финансиско олеснување: долговите и грижите остануваат зад нив

Вирално | пред 8 часа

media-libraryb6ub3918okdj1Hx9GT2

(Видео) Слаткар среде концерт викаше по обезбедувањето да ја остави „Сара“ да се качи на сцена во Охрид – снимка од концертот објавена на „Јутуб“

Вирално | пред 8 часа

media-libraryq3saq0imdhabaXBz6yt

Почина актерот Дони Данаган, кој му го позајми гласот на Бамби

Филм | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања