Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Светски познатиот баскет-креатор Мет Кјатипис по куси панталони на средба со министерот Тимчо Муцунски во кабинет

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-library3cl44ois7rjk0g3Jah3

Светски познатиот баскет-креатор и уличен кошаркар Мет Кјатипис, познат како МК, престојува во Македонија, а денеска оствари средба со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Кјатипис објави фотографија од средбата со Муцунски, направена во просториите на Министерството, со македонското и знамето на НАТО во заднина.

media-library2i8opuigea6b5FwzNSQ

„Чест ми е што се сретнав со министерот за надворешни работи. Ви благодарам за поддршката“, напиша Кјатипис во објавата, означувајќи го Муцунски.

Канадскиот кошаркар е една од најпрепознатливите личности во светот на уличната кошарка на социјалните мрежи. На Инстаграм има околу 3,4 милиони следбеници, а познат е по своите динамични натпревари „еден на еден“ и видеа кои собираат милионски прегледи. Кјатипис потекнува од Канада, а кошаркарската кариера го однела од средношколска и универзитетска кошарка во САД до професионален ангажман во Костарика. Подоцна се насочил кон создавање спортска содржина и улична кошарка, каде што изгради глобална публика. Тој последно кажа дека има македонско потекло, по својата мајка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 15 часа

media-librarygofq8qpt2gaf6SfldLy

Серена Вилијамс блесна во леопардов фустан на гала-вечер во Лос Анџелес

Сцена | пред 16 часа

media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Сцена | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања