Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Патувања

Тајланд воведува нови мерки: Пократок безвизен престој за странците

Медиасет.мк
пред 6 месеци
media-libraryggvh7l174dbr9CTg5cx
фото: unsplash

Тајланд ќе го скрати времетраењето на безвизниот престој за туристи од 93 земји од 60 на 30 дена.

Одлуката е донесена со цел да се помогне во спречувањето на криминални активности, изјави министерот за надворешни работи на земјата, Сихасак Фуангкеткеов.

Покрај тоа, тајландските власти ќе вршат проверки и на другите видови визи за да се осигурат дека лицата кои влегуваат во земјата ја исполнуваат целта за која им е издадена визата, пренесува Ројтерс.

Министерот, сепак, не прецизираше кога мерката ќе стапи во сила.

Мерките се воведуваат поради проблемите со злоупотреба на продолжените визи и учеството на одредени туристи во нелегални активности.

Од почетокот на годинава, Тајланд примил 12,4 милиони странски туристи, наведува Ројтерс, потсетувајќи дека туризмот е еден од клучните двигатели на тајландската економија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygpfflunfclr99l7Qxno

Два едноставни трика ќе ѝ го вратат волуменот на перјаната јакна по перењето

Вирално | пред 48 минути

media-librarypatd8f5vmmv6eZtSAC6

Четири намирници имаат повеќе протеини од јајцата, а се добри и за срцето

Вирално | пред 22 часа

horoskop1

За три хороскопски знаци од утре започнува период на голем успех

Вирално | пред 23 часа

media-library43qqcuvmq7345p1dy6I

Мајкрософт го реши големиот дефект по повеќе од 24 часа: Еве што го предизвика прекинот

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања