Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Тамара Тодевска на полиграф откри дека една љубовна врска ѝ завршила поради религиозни причини

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-libraryif9lq65bellb6ItyvKZ

Тамара Тодевска седна на полиграф кај јутуберот Стефан Рашковиќ – Стефонатор, каде што одговараше на прашања поврзани со нејзината кариера, приватниот живот и различни теми. Еден момент особено го привлече вниманието кога пејачката доби прашање кое не беше прочитано на глас, како останатите.

Стефонатор ѝ го предаде прашањето во плико, а Тамара беше единствената што требаше сама да го прочита. Пред неа беше и црвеното копче, кое можеше да го притисне само еднаш доколку не сака прашањето воопшто да биде прочитано и доколку не сака да одговори.

Тамара не го притисна копчето. Наместо тоа, му рече на Стефонатор да го прочита прашањето, а потоа отворено одговори.

„Дали е точно дека една твоја врска завршила поради религиозни причини?“, гласеше прашањето.

„Да, точно е, со тоа што не би навлегувала во детали, бидејќи не сум само јас во приказната“, одговори Тамара.

Пејачката притоа нагласи дека за неа верата и националноста никогаш не биле пречка кога станува збор за љубовта.

„Но, мене никогаш не ми била проблем ниту верата ниту националноста кога е љубовта во прашање. Кога има љубов, мислам дека сè може да победи“, рече таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymaftjrrt0nvg1RvFgqT

Познати личности на кои им е забранет влез во одредени држави

Сцена | пред 11 час

media-library6lhs7ru73o8o216hsfw

„Да ти цркне Мина“: Весна Петрушевска доби морничав коментар за ќерка ѝ по роденденската објава

Сцена | пред 1 ден

media-library61ar6a17f9ic7JWNSFN

(Видео) По настапот на „Макфест“, Арте Факт го објавија видеоспотот за „Вистина“

Сцена | пред 3 дена

media-libraryeav0f2ath4oibnhjLNi

(Видео) Нова мистерија околу Бака Прасе: Снимка од надзорна камера покажува како маскирани лица го изнесуваат од станот

Сцена | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања