Connect with us

#ФАЦИ

Тато ти пријдов само со песна, а можевме многу повеќе: Кристијан Рахимовски се прости од својот татко

Социјалните мрежи од вчера се преплавени со неверување за смртта на фронтменот на “Парни Ваљак“, Аки Рахимовски. Речиси цел регион, се прости од него, јавни личности, фанови, љубители на добрата музика…Со емотивна порака од својот татко се прости и неговиот син Кристијан Рахимовски, за кого се зборуваше дека не се во добри односи. Тогаш Аки за хрватските медиуми кажа дека тоа се само муабети, и дека тој и Кристијан се блиски и дека се радува што на неговиот син му оди ослично со со музиката.

„Тато, прерано ме остави. Многу рано. Луѓето велат дека Господ така сакал. Бевме повеќе со песна отколку со зборови, не знаеше друг начин, не можеше да се симнеш од таа сцена во главата, па ти пријдов само со песна. А можевме да направиме многу повеќе тато. Болиш неописливо. Утеха ми е што ќе имам барем дел од тебе во моите песни како и во она што ми го остави. Но, тоа сега не ми е доволно. Луѓето знаеја се за нас, а не знаеја ништо.  Знаевме јас и ти. На сите ни недостасуваш тато. Тато мој сега одмори се, а потоа „рокај“ горе со екипата. Луѓе мои, во име на целото семејство Рахимовски ви благодарам на сите за зборовите за поддршка, за сите пораки, повици. Ви значеше и на вас затоа што беше голем, како и Оли недопирлив. Татко мој, ти ми рече пред неколку дена: Сине, и јас те сакам, да бегај таму и се гледаме. Се гледаме тато еден ден… Збогум тато, те сакам тато“ напиша тој на Фејсбук.

Извор: Репортер.мк

#ФАЦИ

Ареа ќе одржи акустичен концерт во Битола на 7. октомври

 

Ареа ќе одржи акустичен концерт во Битола, на 7. октомври. „Предходната година го издадовме новиот албум „Љубов е“ и до сега имавме повеќе, концертни настапи во повеќето места во Македонија меѓу кои и во Битола. Овој пат решивме тоа да биде акустичен концерт, каде во една поинаква и поинтимна атмосфера публиката ќе може да ужива во нашите песни.

Концертот под наслов „Area Unplugged“ ќе се случи за прв пат на сцената во Центарот за култура во Битола, со почеток во 20 часот,“ информираат од Ареа.

Continue Reading

#ФАЦИ

Песни од Тоше, Гоце Арнаудов, Влатко, Есма, Драган Вучиќ на канцерот „Легендите живеат вечно“

 

Под мотото „Легендите живеат вечно“, на 28-ми октомври во „Македонска филхармонија“ ќе се одржи концерт во чест на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе. Ја испишаа музичката историја, а можеа уште толку многу.

 

Ќе се пеат песните на  Тоше Проески,  Влатко Илиевски,  Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ како и многу други. Картите за овој настан се веќе пуштени во продажба и истите ќе имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

 

 

 

Continue Reading

#ФАЦИ

Архитектот Лука, нова љубов на Тамара

 

Поп-пејачката Тамара Тодевска има нова љубов. Таа веќе неколку пати сподели фотографии,  а станува збор за Лука Радовиќ, архитект и дизајнер од Скопје. Дека има нова љубов веќе наголемо се  зборува и низ чаршијата.

 

Тамара неодамна се разведе од својот сопруг Александра, со кого беше 7 години во брак. Тие имаат две деца, Дарен и Хана. И покрај разделбата со Мачка не е тајна дека тие се во коректни односи, заради децата, а заедно ги прославуваат и родендените на децата, и неодамна објавија заеднички фотографии.

 

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020-2023

error: