Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Патувања

Технички проблем предизвика хаос на британските аеродроми: Стотици летови откажани и одложени

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-librarylqlj39ner6aqdorcJsr
фото: unsplash

Технички проблем во системот за обработка на податоци за летовите предизвика нарушувања во воздушниот сообраќај на повеќе британски аеродроми. Проблемот ги погоди и лондонските „Хитроу“, „Гетвик“ и „Стенстед“, како и аеродромите во Манчестер, Единбург, Бирмингем и други градови.

Британската служба за контрола на воздушниот сообраќај (NATS) соопшти дека проблемот е откриен и дека инженерски тимови работат на негово отстранување. Летовите продолжуваат, а воздушниот простор е отворен, но за целосно враќање на нормалниот режим ќе биде потребно време.

Според „Флајтрадар24“, проблемот предизвикал голем број доцнења, а дел од летовите биле откажани. На „Хитроу“ биле откажани околу 100 летови, а 367 биле одложени.

Британската министерка за транспорт, Хајди Александер, им се извини на патниците поради нарушувањата и порача дека се работи на решавање на проблемот.

На патниците им се советува, пред да тргнат кон аеродромите, да го проверат статусот на својот лет кај авиокомпанијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykiumsjo60c1c74VjKCR

Таткото на Меган Маркл обвинет за поседување на детска порнографија

Сцена | пред 1 ден

media-library1fknttti348h55GAXMJ

Божиќна магија низ Европа: Градови и плоштади што ќе блеснат во 2026 година

Патувања | пред 5 дена

media-librarytdufiimns1gh2IF4u6t

Сараево и Дубровник меѓу десетте најпосакувани европски градови за патување

Патувања | пред 5 дена

media-libraryd1ssf900d8r6dpQadFk

United Airlines забранува резервации на авионски билети преку ВИ-агенти

Патувања | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања