Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Титаниумот заминува во историјата? Apple менува стратегија за iPhone

Медиасет.мк
пред 3 месеци
apple-5

Apple би можел да направи неочекуван пресврт во дизајнот на своите нови iPhone уреди, откажувајќи се од титаниумската рамка кај претстојните Pro модели и повторно да се врати на алуминиумот.

Компанијата го претстави титаниумот со серијата iPhone 15 Pro, нагласувајќи ја неговата цврстина и значително помалата тежина во споредба со нерѓосувачкиот челик, кој се користеше во претходните генерации. Благодарение на овој материјал, iPhone 15 Pro Max беше речиси 20 грама полесен од својот претходник.

Сепак, тоа не значи дека Apple целосно се откажува од титаниумот. Според достапните информации, ултратенкиот iPhone Air и понатаму ќе користи рамка изработена од титаниум од класа 5. Овој модел неодамна привлече внимание откако успешно помина екстремен тест на издржливост, при што издржа големо оптоварување пред да се деформира.

Причините поради кои Apple би се вратил на алуминиум најверојатно се поврзани со пониските производствени трошоци, полесната обработка и подобрите термални својства на материјалот. Дополнително, алуминиумот овозможува полесно анодизирање и нанесување различни бои, што би можело да објасни зошто кај претстојните модели се очекуваат нови, поинтензивни нијанси.

Доколку Apple навистина го задржи титаниумот само кај серијата Air, а останатите модели ги изработува од алуминиум, тоа би можело да означи крај на краткиот тренд на користење титаниум кај премиум паметните телефони.

Сличен потег веќе направи и Samsung, кој по воведувањето на титаниумска рамка кај Galaxy S24 Ultra, повторно се врати на алуминиум кај својот најнов премиум модел. Засега, Apple официјално не ги потврди овие информации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library51fk1ndk9h27ejUlXuD

Рекорден пад на акциите на „Гугл“: Избришани 500 милијарди долари за еден ден

Технологија | пред 40 минути

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 13 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 17 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања