Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Тојота најави електричен автомобил сличен на Тесла: Сакаат да се вратат на кинескиот пазар

Медиасет.мк
пред 2 години
toyota

Јапонскиот производител на автомобили Тојота планира следната година на кинескиот пазар да го лансира првиот целосно самоуправувачки електричен автомобил опремен со напреден систем за автономно возење сличен на Тесла, соопшти GAC Toyota.

Заедничкото вложување со кинеската државна групација Гуангжу Автомобили (ГАЦ) има за цел да го врати пазарниот удел на јапонскиот производител на автомобили во Кина со тоа што ќе ги достигне кинеските ривали во технологиите за хибридни, батерии и паметни возила.

Групата објави серија цели за иновација на настан на крајот на јуни во Гуангжу, пренесува Ројтерс.

GAC Toyota најави дека следната година ќе го лансира теренецот Boži 3Ks, како прв модел кој ќе биде опремен со систем кој ќе овозможи напредна помош при возење за паркирање и навигација на автопати и градски сообраќај.

Ова би го осигурало неговото лидерство во понудата на технологија за автономно возење меѓу сите странски брендови во Кина, се вели во соопштението, пренесува Танјуг.

GAC Toyota го развива системот со Momenta Global, стартап кој развива софтвер за автономно возење за производителите на автомобили вклучувајќи го и Mercedes-Benz.

Работи и со Huawei за да може да користи софтвер за контрола на возилата, почнувајќи со електричен седан кој ќе биде лансиран во 2025 година на кинескиот пазар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library51fk1ndk9h27ejUlXuD

Рекорден пад на акциите на „Гугл“: Избришани 500 милијарди долари за еден ден

Технологија | пред 3 часа

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 16 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 20 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања