Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Топлотните бранови ќе ја чинат Грција до 13 милијарди евра до 2030 година

Медиасет.мк
пред 4 месеци
media-librarytbkehv5p0bl74EqTF1g
фото: unsplash

Повторливите топлотни бранови би можеле да ја чинат грчката економија до 13 милијарди евра во периодот до 2030 година, предупредува осигурителната и кредитна компанија Allianz Trade во најновата анализа.

Според извештајот, екстремно високите температури негативно ќе влијаат врз продуктивноста на работниците, трошоците за енергија и инвестициската активност, што може да доведе до намалување на економското производство за дури 4,1 проценти.

Анализата покажува дека инвестициите би можеле да се намалат за околу осум проценти, потрошувачката за четири проценти, додека инфлацијата би можела да порасне за 2,5 проценти. Истовремено, стапката на невработеност би се зголемила за еден процент.

Од компанијата предупредуваат дека топлотните бранови повеќе не се краткотрајна временска појава, туку претставуваат структурен економски шок со долгорочни последици. Според проценките, најголем удар ќе претрпат економиите кои имаат помал капацитет да ги апсорбираат ефектите од климатските промени.

Извештајот доаѓа во време кога Грција сè почесто се соочува со долги периоди на екстремни горештини, кои влијаат врз туризмот, земјоделството, енергетскиот сектор и целокупната економска активност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Есенски моден тренд: ресите повторно во центарот на вниманието

Трендови | пред 3 часа

media-librarynosk574teuuifeaEfd7

„Гугл“ започна со продажба на Googlebook: нова конкуренција за Windows и MacBook

Технологија | пред 6 часа

media-librarynqf1gul7buvb0mJmCb9

Речиси 40 години живее бесплатно во куќата на Стиви Вондер, пејачот сега ја тужи

Сцена | пред 9 часа

media-librarycjse90pj9eivfe30zDd

(Видео) Новороденче со „мустаќи“ стана хит на социјалните мрежи

Вирално | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања